fbpx

Opel прославува 120 години автомобилско производство

Со цел да го одбележи својот роденден, овој германски бренд лансираше нови специјални изданија на своите моделите наречени „120 годишни“

Во 2019 година, Opel одбележува 120 години производство на автомобили, а со тоа и 120 иновативни технологии кои низ своите модели ги нуди на широк спектар на клиенти  со мотото „Иднината им припаѓа на сите“. За оваа цел, овој германски производител лансираше специјални изданија на своите модели под името „120 годишни“.

Опсегот на модели ги опфаќа патнички автомобили како Adam, Karl, Corsa и  најпродаваната Astra, спортските SUV модели Crossland X, Mokka X и Grandland X, компактната Zafira, како и предводникот Insignia.

opel

Сите автомобили кои ќе бидат дел од ова специјално издание, ќе бидат обележани со логото „120“, а исто така ќе бидат опремени со голем број на нови системи и технологии. Како стандардни ќе бидат системот за помош при паркирање и темпоматот, додека пак функциите како што се греење на седиштата, греење на управувачот и подните облоги од велур го зголемуваат нивото на удобност.

Достапни по атрактивни цени, овие модели ќе бидат разубавени исто така и со елегантни алуминиумски фелни и хромирани елементи со логото на Opel по праговите и вратите.

opel

Да го земеме за пример компактниот бестселер на Opel, моделот Astra. Во стандардната опрема на овој модел спаѓаат системот за помош при искачување на нагорнина, темпоматот, климатизацијата и Quickheat системот за греење. Во специјалното издание на овој модел, како стандардна опрема се вклучени предните фарови за магла и системот за помош при паркирање. Греење на предните седишта и греење на воланот по пакет Sight пакет што опфаќа сензор за дожд, автоматски прекинувач за светло со детектор за тунел и електрохромен внатрешен ретровизор овозможуваат пријатна температура и повисоко ниво на безбедност за време на ладните и влажни денови. Покрај тоа, возачите и патниците на Astra со 5 врати и Sports Tourer ќе можат да уживаат во одлично поврзување и забава, благодарение на R 4.0 IntelliLink инфозабавниот систем со седум-инчен колорен екран на допир кој е компатибилен со Apple и Android Auto CarPlay системите. Секако, како главни препознатливи елементи на овој модел од специјалното издание се логото „120“, хромирани елементи со логото на Opel и 17-инчните алуминиумски фелни.

Astra

Исто како и кај Astra, така и 120 годишното издание на Crossland X доаѓа со истите внатрешни карактеристики. Опремен е и со ThermaTec греењето на ветробранското стакло за јасен поглед за време на студените денови, како и LED амбиенталното осветлување во централната конзола и вратата. Во надворешниот дел, овој модел блеска со Б столбови во високо-сјајна црна боја, хромирани ленти на покривот, предните и задните подлоги за заштита на шасијата и алуминиумски тркала во антрацит боја со дизајн на четири двојно краци.

„Опел ја демократизира мобилноста цели 120 години. Во нашите автомобили, ние ги имплементираме модните технологии и карактеристики со цел да се прифатливи за сите групи на купувачи. Тоа е она за што ние се залагаме! Затоа нудиме специјално издание за „120 години“ за толку многу наши модели кои ќе го одбележат почетокот на нашата годишнина “, изјави генерален директор за продажба, попродажба и маркетинг на Opel, Ксавиер Дучхимин.

Нарачките за специјалните изданија на овие Opel модели се веќе започнати.

Поврзани вести

Back to top button