ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Opel со уште еден „удар“ од PSA

Раководството на концернот PSA им соопшти на челниците во шпанската фабрика на Opel, во Фигеруелас, дека ќе го пресели производството на основниот модел Corsa на друго место

Така, шпанската компанија нема да добие дополнителни инвестиции и најверојатно ќе мора да намали дел од својот персонал.

Одлуката е доста чудна, бидејки фабриката во Фигуерелас била изградена специјално за производство на Corsa. Во него се произведени сите генерации на моделот, почнувајки од првата уште во 1982 година. Значително подоцна е вклучена фабриката во Ајзенах, купена од Genetal Motors по обединувањето на Германија. Токму шпанскот погон е главен за Corsa, а во него се составуваат и верзиите на моделот под марките Vauxhall, Chevrolet и Holden, како и корисниците на истата платформа, Opel Combo (трета генерација) и миниванот Opel Meriva.

Opel
Во 2017 година, производството во Фигуерелас се зголеми за 6%, односно 382.000 возила. Повеќе од половина – 195.000, се Corsa. До запирање од производство Meriva регистрира 18.000 примероци, а Opel Mokka – 68.000. Остатокот се Opel Crossland X – 63.000 и Citroen C3 Aircross – 37.000.
Opel
Следната генерација Corsa ќе се состава на друго место. Моделот ќе излезе во 2019 година и ќе биде близнак на новата генерација на Peugeot 208. Двата модели ќе користат модуларна платформа CMT, а требаше да се произведуваат токму во Фигеруелас, бидејки фабриката во Ајзенах ќе биде ремонтирана.
Opel
Сепак, плановите биле подложени на големи промени откако шпанските работници покренале пет барања до раководството на PSA. Тие вклучуваат гаранции за зачувување на работните места, индексација на платите и пензиите. Ова не им се допадна на шефовите на Алијансата и тие ги прекинаа еднострано преговорите со синдикатите, по што ја објавија својата одлука. Ова ќе ја погоди најголемата фабрика на Opel во Европа, каде што работат повеќе од 5.000 луѓе. Преместувањето на продукцијата на Corsa ќе доведе до намалувања на персоналот и затоа синдикатите веднаш повикаа на нов генерален состанок. Работниците формално ќе побараат од РЅА да ја промени својата одлука.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close