fbpx

Opel со тизер ја најави „хај-тек“ внатрешноста на Mokka

Opel продолжува со тизер кампањата за новата генерација на моделот Mokka, а сега фокусот е насочен кон дизајнот на внатрешноста

Како што е веќе познато, Opel Mokka ќе пристигне и во електрична верзија, а тоа се чини како доволна причина за германскиот производител од време на време да ги израдува своите фанови и автомобилските вљубеници со нови информации и фотографии за новиот кросовер.

Новата Mokka треба да претставува револуција кога станува збор за погонот на германскиот производител, а сето тоа треба да биде потврдено и со подеднакво забавна и интересена нова внатрешност, вклучително и новата висока технологија која ќе биде вградена во самиот автомобил.

Тизер цртежот кој го објави Opel го прикажува дизајнот на управувачот кој ќе биде со рамно дно, како и голем, хоризонтален екран. Најголемиот новитет во споредба со останатите модели на Opel кои се наоѓаат на пазарот е фактот дека повеќето од физичките копчиња на централната табла речиси не постојат. Од Opel овој систем го нарекуваат како високотехнолошки кокпит кој е целосно дигитален, а сепак фокусиран.

Opel Mokka

Овој нов високотехнолошки ентериер доби и свое име, а во Opel го нарекуваат Pure Panel.

„Со новата Mokka, го носиме Opel Pure Panel до нашите клиенти за прв пат. Големите екрани се непречено интегрирани во еден хоризонтален информациски формат. Со минималниот број на физички контроли и јасни детоксицирани дигитални информации, се создава оптимизирано искуство кај клиентите“, вели потпретседателот за дизајн на Opel, Марк Адамс.

Mokka го диктира новиот правец на Opel

Opel Pure Panel исто така ги нуди и најновите дигитални технологии. Притоа носи важни информации до возачот „без никакви иритирачки стимули“. Намалувајќи го бројот на копчиња и контроли, интерфејсот нуди вистински баланс меѓу дигитализацијата и чисто интуитивно работење. Без потреба за маневри низ големиот број менија.

Новата генерација на Mokka го поплочува патот за новите модели на Opel кои ќе пристигнат во следниот период, кои германскиот производител ги опишува како „чисти, прецизни и редуцирани на есенцијалноста“. Според Opel, кросоверот ќе го задржи типичниот германски дизајнерски јазик кој комбинира чистота со експресивност. Оваа филозофија ќе се однесува и на ентериерот како и на екстериерот од новата генерација на Mokka.

Новата Mokka ќе се најде во европските продажни салони кој почетокот на 2021 година. Премиерата се очекува кон крајот на годинава.

Поврзани вести

Back to top button