fbpx

Opel Zafira „шампион за вредноста“ и за 2018

Уште една титула во колекцијата: Opel Zafira повторно е „шампион за вредноста"

Независните пазарни набљудувачи на Schwacke и магазинот за автомобили AutoBild повторно ги рангираа возилата со најстабилна вредност во Германија, овој пат за 2018 година. Откако го освои првото место минатата година, Opel Zafira повторно се закити со титулата во компактната класа.

Со резидуална (остаточна) вредност од 53,61 проценти по четири години и 80,000 километри, Zafira1 повторно го зазема врвот во предвидувањата на Schwacke. Флексибилното возило на Opel е постојан кандидат за ова признание за стабилност на вредноста, одкако се појави на пазарот, а моделот сега по петти пат ја освои оваа престижна награда.

Opel Zafira е најдобриот пример за доверливоста на возилата од Риселсхајм. Нашиот компактен ван сјае не само со својот сестран концепт на седење за седум патници, туку и со задржување на вредноста. Нашата посветеност е да ги направиме најсовремените автомобили и технологии достапни за нашите клиенти. Ова ја вклучува и економичноста. И експертите од Schwacke потврдуваат дека Zafira навистина се исплати, рече Јирген Келер, извршен директор за продажба, маркетинг и постпродажба во Германија на церемонијата на доделувањето на признанијата во Берлин.

Opel Zafira

Opel ADAM2 и Opel Insignia Grand Sport3 се исто така меѓу лидерите во нивните сегменти. Индивидуалниот урбан автомобил го освои второто место во мини категоријата (56,66 проценти остаточна вредност), а динамичната и елегантна лимузина Insignia Grand Sport го зазеде третото место во средната класа (52,30 проценти остаточна вредност). Еднаш годишно, Schwacke ги разграничува моделите кои имаат најниска амортизација, при што експертите даваат прогноза за четири години.

Одредувањето на резидуалната (остаточна) вредност е сложен процес во кој експертите исто така го испитуваат и оценува концептот на возилото, квалитетот и дизајнот, опсегот на опремата и додатоците, цената, оперативните трошоци, како и животниот циклус на возилата.

Поврзани вести

Back to top button