fbpx

Освежената Arona пристигна во Македонија

Во продажниот салон на Seat во Македонија пристигна освежената Arona која сега е достапна за македонските купувачи

Seat пред извесно време го претстави освеженото издание на својот компактен кросовер Arona. Најмалиот SUV во поставата на шпанскиот производител пристигнува со неколку промени на екстериерот и ентериерот и сега е изложен во продажниот салон во Скопје.

Забележливи се новата поголема предна решетка чиј дизајн варира зависно од нивото на опременост, редизајнираниот браник со повеќе отвори за воздух, како и новата позиција на магленките. Сите верзии на освежената Arona го добиваат и логото на Seat со двобоен хромиран финиш, а на задниот дел се наоѓа името на моделот со ракописен фонт. Фејслифтот носи и три нови бои за екстериерот, заедно со две опции за 17-инчни тркала од лесна легура и четири за тркала од 18 инчи.

Најголемиот новитет кај малиот кросовер кој го добива со фејслифтот на средина од својот животен век е Xperience нивото на опременост кое пристигнува на местото на Xcellence и со себе носи голем број визуелни промени. Оваа верзија пристигнува со Full LED светла, а во внатрешноста може да се најде новиот управувач со Nappa кожа.

Во ентериерот како стандарден дел од опремата доаѓа 8,25-инчниот екран на допир, а купувачите ќе можат да го изберат и поголемиот 9,2-инчен екран. Инфозабавниот систем се комплетира со 10,25-инчниот дигитален инструмент кластер.

Seat Arona

Освежената Arona во моторната постава ќе ги има 1.0 и 1.5 TSI моторите со моќност од 95 до 150 КС, а како алтернатива за помала потрошувачка ќе се нуди и 1.0 TGI агрегатот. За повеќе информации посетете го продажниот салон на Seat во Македонија.

 

Поврзани вести

Back to top button