fbpx

Освежениот Audi Q2 со суптилни измени и нови технологии

Четири години по своето деби, Audi Q2 кросоверот доби детално освежување кое е фокусирано пред се на надворешниот стајлинг и технологијата

Од дизајнерска гледна точка, освежувањето кај Audi Q2 е најочигледно на предниот дел каде што се истакнуваат новите предни LED светла на сите модели, додека Matrix LED е достапно како опција. Иако формата на светлата делува дека е иста, светлосниот потпис е очигледно поинаков, со што Q2 застанува рамо до рамо со најновите модели на Audi.

Оние со поостро око за детали ќе ги забележат и останатите промени на предницата. Тука е опфатен и редизајнираниот преден браник и ревизираните отвори за воздух. Октагоналната Singleframe решетка е поставена нешто пониско од претходно и пристигнува со нови детали.

На задниот дел, освежената Q2 делува мошне слично, иако задниот браник со интегриран дифузер е новина, исто како и задниот светлосен потпис. Купувачите ќе можат да бираат меѓу две LED верзии – со или без динамични индикатори. Audi исто така ја освежи и палетата на бои за својот субкомпактен кросовер со пет нови бои.

Audi Q2

Кога станува збор за ентериерот, промените се подеднакво суптилни и вклучуваат нов изглед за воздушните отвори и дршката од менувачот. Наместо Алкантара, сега внатрешност е обложена со Dinamica микрофибер. Како опција е достапно и амбиенталното осветлување. Тапацирот и бојата на ентериерот се нудат во осум комбинации – четири за базичниот ентериер и четири за S Line ентериерот. Дел од стандардната опрема се електронската врата од багажникот, можност за поврзување со паметен телефон, задни паркинг сензори и темпомат.

Audi Q2

Sport, S Line и Black Edition моделите имаат 12,3-инчен дигитален кластер и 8,3-инчен ифнозабавен екран со кој може да се управува и со помош на ротирачки контролер или гласовни команди. Овие модели пристигнуваат со спортски предни седишта и различни режими на возење. Овие верзии ја поседуваат и најновата генерација на MMI Navigation Plus софтверот.

Audi Q2

Опремата Black Edition вклучува црни детали на екстериерот. Исто така и уникатни 19-инчни фелни, адаптивен спортски систем на потпирање, задна камера, дополнителна безбедносна опрема и адаптивен темпомат.

На почетокот ќе биде достапен само еден мотор, а тоа е 1,5-литарскиот четирицилиндричен турбобензински мотор кој развива 150 КС и 250 Nm. Ќе се нуди во комбинација со шестстепен мануелен или седумстепен автоматски менувач. Дополнителните бензински и дизел мотори се очекуваат кон крајот на годината. Нарачките за освежениот Audi Q2 започнуваат од септември, а цената во Германија ќе стартува од 25.000 евра.

Поврзани вести

Back to top button