fbpx

Освежениот Audi RS4 Avant доаѓа V6 и 444 коњски сили

Audi го претстави освежениот Audi RS4 Avant, кој како модел за 2020 година доаѓа со изглед многу сличен на својот поголем брат RS6 Avant

Освежената верзија на Audi RS4 Avant е веднаш препознатлива и се разликува од моделот во заминување по ажурираните LED предни светла и опционалните матрикс LED светла со затемнети рамки. Како надополнување на ова е и ревидираната предна Singleframe решетка, која сега е со поширока но пониска форма, со сјаен црн саќе дизајн.

Во страничниот дел, измените се тешко забележливи, но компанијата вели дека лаковите на предните и задните тркала се 30 mm пошироки од обичните модели на A4 Avant. Измените направени во задниот дел се во голема мерка ограничени на новиот дизајн на браникот, дифузерот со огромните два издувни врва и ажурираните светлосни уреди.

Audi RS4 Avant

Во поглед на внатрешноста, во центарот на управувачката табла поставен е 10,1-инчен MMI екран на допир, а пред возачот се наоѓа прекрасниот Virtual Cockpit дигитален инструмент кластер. Управувачот е со рамно дно и обложен со материјал од Алкантара.

Што се однесува до погонската единица под моторниот капак, освежениот Audi RS4 Avant доаѓа со добропознатиот 2,9 литарски V6 мотор со двоен турбо полнач, кој обезбедува моќност од 444 коњски сили и 600 Nm вртежен момент. Ова му овозможува на автомобилот да забрза до 100 km/h за само 4,1 секунда.

Продажбата на спортскиот караван низ цела Европа ќе започне подоцна овој месец, а првите импортери ќе започнат со испорака во декември. Цените за европскиот пазар започнуваат од 81.400 евра.

Поврзани вести

Back to top button