Освежената „Петка“ сега и во Македонија

Освежената BMW Серија 5, или популарната „петка“, сега е достапна и во Македонија, односно во изложбено-продажниот салон на М Кар

BMW ја освежи Серија 5 пред неколку месеци, додавајќи неколку стилски промени и новитети во автомобилот. Сега, популарната „петка“ е достапна и во нашата земја, а Авто Плус имаше можност да ја забележи во продажниот салон на BMW во нашата земја и секако да ви го пренесеме она што го забележавме на лице место.

BMW „петка“

 

Веќе е познато дека освеженото издание на Серија 5 со себе носи неколку промени, а веднаш е видлива промената на предните фарови, каде што како стандардни пристигнуваат адаптивните LED светла. Тука е и уште поизразената решетка. Задните светла исто така претрпеа промени кои се забележливи, како и променетите браници. Со M Sport пакетот, изгледот е уште подинамичен благодарение на новиот преден и заден браник, поголемите отвори за воздух, спојлерот на багажникот и задниот дифузер.

Кога станува збор за ентериерот, освежената BMW „петка“ пристигнува со најновиот iDrive 7 инфозабавен систем со 12,3-инчен екран на допир со Apple CarPlay и Android Auto конективност, како и 12,3-инчна инструмент табла.

Новитет кај обновената Серија 5 е и електрифицираниот, односно благиот хибриден погон кој се наоѓа речиси кај сите верзии со 4 и 6 цилиндри. Ние во продажниот салон на BMW во Македонија имавме можност да ја забележиме верзијата 520d која пристигнува со четирицилиндричен мотор со зафатнина од 1.995 cm3 и испорачува 190 КС, во комбинација со осумстепениот Steptronic автоматски менувач.

BMW „петка“

За повеќе информации посетете го продажниот салон на BMW во нашата земја, или пак посетете ја официјалниот веб-сајт.

Поврзани вести

Back to top button