fbpx

Освежените Compass и Compass 4xe сега и во Македонија

Неодамна освежените SUV модели на Jeep, препознатливиот Compass и моќната plug-in хибридна варијанта Compass 4xe сега се достапни и на македонскиот пазар

Американскиот производител Jeep неодамна го претстави освежениот Compass заедно со неговата plug-in хибридна варијанта Compass 4xe, a овие модели сега пристигнаа и во нашата земја. Редакцијата на Авто Плус доби прилика да се запознае одблиску со нив и тука ги пренесуваме нашите впечатоци.

Compass

За почеток, треба да се напомене дека освежениот Compass е првиот модел на Jeep во Европа кој е лансиран по спојувањето на FCA со PSA, односно настанувањето на новиот ентитет Stellantis. Бестселерот на прославениот производител доби детално освежување и унапредување, а од Jeep велат дека станува збор за комплетно нов модел со големи промени во карактеристиките и спецификациите. Compass претставува модел кој е клучен за еволуцијата на брендот, со оглед на тоа дека има 40 проценти во уделот од продажбата на компанијата, а 25 проценти од ова отпаѓаат на plug-in хибридниот модел.

Compass

Новиот Compass се одликува со нов дизајнерски концепт кој ќе се најде кај сите идни модели на Jeep. Она што е највпечатливо е пошироката долна решетка, поспортските отовори за воздух и репозиционираните магленки, заедно со новите Full LED светла додека на задниот дел промените се нешто подискретни, а се истакнуваат редизајнираните светла со нова графика.

Compass

Во ентериерот се наоѓа редизајнираниот контролерн панел со двослоен изглед каде се наоѓа 8,4 или 10,1-инчниот екран на допир од инфозабавниот Uconnect 5 систем, кој сега е поставен повисоко со цел да понуди поголема фокусираност на возачите кон патот. Инфозабавниот систем сега е пет пати побрз од претходно, а поседува и 3D навигација и гласовно препознавање. Во комбинација со екранот на допир доаѓа и 10,25-инчниот дигитален инструмент кластер, а забележливи се и новиот управувач, новите контроли за клима уредот, ревидираниот менувач и бежичниот полнач.

Compass

Голем избор на моторни единици

Освежениот Jeep Compass пристигнува со широк спектар на мотори кои нудат пониско ниво на CO2 емисија и потрошувачка. Тука е новиот GSE четирицилиндерски 1,3-литарски турбо бензински мотор со подобри перформанси и поголема ефикасност и нуди 130 КС и 270 Nm максимален вртежен момент, или со 150 КС и 270 Nm кој е во комбинација со автоматски менувач со двојна спојка. Тука е 1,6-литарскиот Multijet II турбо дизел агрегат со 120 КС кој доаѓа во комбинација со шестстепен мануелец и погон на предните тркала.

Compass

Кога станува збор за македонскиот пазар, освежениот Jeep Compass се нуди по специјална акциска цена, а заинтересираните купувачи ќе можат да го добијат својот SUV модел веќе од 22.890 евра. На нашиот пазар Compass ќе се нуди во четири нивоа на опременост и тоа Longitude, Limited, 80th Anniversary и S-Model, додека plug-in хибридната верзија го добива и Trailhawk нивото на опременост кое ги носи и препознатливите „оф-роуд“ карактеристики на Jeep. Plug-in хибридниот Compass пристигнува во две опции и тоа со 190 или 240 КС моќност во комбинацицја со шестстепен автоматски менувач и eAWD погон на сите четири тркала, а неговата цена стартува од 40.000 евра, додека конкретниот модел кој го забележавме е во Trailhawk ниво на опременост и неговата цена изнесува 44.000 евра, но од Аутомобиле СК истакнуваат дека моделите се со промотивен попуст во износ од 2.000 евра.

За повеќе информации посетете го продажниот салон на Jeep во Скопје или посетете ја официјалната веб страница.

Поврзани вести

Back to top button