Откриен BMW M8 MotoGP Safety Car

Најжешката Серија 8 модифицирана со цел да одговара на должноста како Safety Car на MotoGP, заменувајќи го M5 Competition

Базиран на неодамна претставениот M8 Competition, BMW ја претстави официјалната замена за тековниот M5 MotoGP Safety Car. Пријавувајќи се на должност на MotoGP, автомобилот претрпел серија M Performance модифицирања, за да се осигура дека е способен да држи чекор со бесните натпреварувачи на две тркала.

За почеток, хаубата има соодветно заклучување на моторниот простор на него, а инженерите во М GmbH имаат вградена пумпа за вшмукување на гориво, прекинувач за батерии, гаснење пожар и држач, како и правилен кафез внатре. Стандардните седишта се заменети со Recaro и ремен со затегање на четири точки.

MotoGP

Надворешноста е покриена со црвени, бели и сини налепници, додека пак на покривот се поставени сет светла, конторлирани од прекунувач поставен во средишната контрола. Врвовите од издувниот систем се покриени со јаглеродни влакна, заедно со моторниот капак, задниот дифузер, страничните прагови, центарот на управувачот и неговите педали. Задното крило е позајмено од тркачкиот M8 GTE, а кон сетоа ова придонесуваат и лепливите Michelin Cup пневматици.

Моќта кај M8 Competition доаѓа од истиот 4,4 литарски твин-турбо V8 мотор користен во М5, кој произведува моќност од 616 коњски сили и вртежен момент од 750Nm. Моќноста се пренесува до сите четири тркала преку осум-степен автоматски менувач и прилагодлив xDrive систем.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close