fbpx

Откриен сопственикот на уникатниот Bugatti

Шпанските медиуми објавија дека среќниот сопственик на Bugatti La Voiture Noire е фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо

Претставен на Саемот во Женева, единствениот Bugatti La Voiture Noire стана најскапиот нов автомобил во светот, со цена од речиси 19 милиони долари. Првично, тајниот купувач се сметаше дека е поранешниот претседател на групацијата VW, Фердинанд Пиех, но шпанските медиуми објавија дека наводно среќниот сопственик на овој хипер автомобил е фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо.

Сепак, без разлика на тоа во чии раце ќе се најде новиот Bugatti, тој ќе мора да почека до 2021 година за компанијата целосно да ја заврши неговата изградба.

„Тоа не е конечната верзија на моделот. Ние започнавме да работиме на проектот пред половина година, кога клиентот се согласи со нашиот предлог-проект. Автомобилот ќе биде испорачан само за две до две и пол години,“ изјави Тим Браво, шеф на одделот за комуникации на Bugatti. Тој исто така додаде дека во Женева, хипер автомобилот уште немал внатрешен дизајн.

Bugatti La Voiture Noire

Моќниот La Voiture Noire претставува модерна верзија на Type 57 SC Atlantic. Хипер автомобилот е напојуван од 8,0 литарски четири-турбински W16 мотор, кој произведува 1,479 КС и вртежен момент од 1,600 Nm.

Ако Роналдо навистина испадне сопственикот на ова возило, тогаш уникатниот Bugatti одлично ќе се вклопи со остатокот од неговата ултра-скапа колекција на автомобили, каде се вбројуваат Veyron Grand Sport, Chiron и многу други егзотични модели.

Поврзани вести

Back to top button