МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНА

Отворена обновената станица на Макпетрол во Гевгелија

Во присуство на голем број гости, претставници на компанијата, на медиумите... свечено беше отворена целосно обновената бензинска станица на Макпетрол, во близина на граничниот премин Богородица

Макпетрол продолжува да инвестира во сопствени нови капацитети, а при тоа, со постојана тимска работа на стручниот и професионален кадар, ги имплементира највисоките европски стандарди во сегментот на трговијата со нафтени деривати. Макпетрол АД Скопје оваа инвестиција ја смета како една од најклучните бензински станици на главната трансверзала на Коридорот 10, токму поради нејзината стратешка поставеност.

Макпетрол

-Кога порано се проектираше станица, главниот фокус беше на самата бензинската пумпа, додека помал дел од фокусот се насочуваше кон дополнителни услуги. Но, во последните години концептот е сосема променет. Квалитетните горива и нивната достапност се секако и понатаму императив за Макпетрол, но денес многу повеќе се насочуваме и кон дополнителните содржини на бензиските станици.

Денес станиците се мултикопмлексни услужни објекти каде оние што патуваат можат да добијат целосна услуга. За овој концепт најдобар доказ е и оваа бензинска станица. Се работи за нов архитектонски дизајн кој го покажува правецот во кој ќе се движат новите бензински станици на Макпетрол, истакнаа на отворањето од компанијата.

Макпетрол

– Ова лето на оваа делница се очекува да поминат околу 750.000 возила кои ќе ги дочекаме подготвени и добро организирани, во 4 работни смени со 8 вработени во секоја, кои ќе бидат задолжени за исполнување на сите потреби на нашите потрошувачи, се со цел преку брзата и ефикасна услуга оваа бензинска станица да стане редовна попатна станица за одмор и релаксација на секое патување по Коридорот 10.“ – додадоа од компанијата.

Оваа значителна инвестиција на Макпетрол е најдобар доказ дека најголемиот трговец со деривати во државава, заедно со светските трендови и новитети во нафтениот бизнис, е на вистинскиот пат да ја реализира еволутивната стратегија која постојано се спроведува. Бензинска станица е обновена според барањата и потребите на потрошувачите и во согласност со современите светски стандарди во нафтената индустрија исполнувајќи ги сите безбедносно – технички нормативи. Бензинската станица се простира на површина од 8.000 м2, платформата е под покрив- 980 м2, а самиот продажен објект има површина од 900 м2.

-Подготвуваме и катче за најмалите, а персоналот е секогаш тука да помогне потрошувачите да го направат вистинскиот избор за нивните потреби при патувањето. Обезбедиме место за одмор за сите, започнувајќи од фамилијарните патници за кои е обезбедена специјализирана соба за преповивање бебиња, пристап и санитарен јазол за инвалидизирани лица, бесплатен Wi-Fi, како и паркинг за лесни и товарни возила.

НОВО ДИЗЕЛ ГОРИВО

-Ја користам оваа прилика да го најавам новото дизел гориво кое наскоро ќе се најде на бензинските станици на Макпетрол. Се работи за гориво подготвено според најнова технологија, дополнето со најсовремени адитиви. Испитувањата покажаа дека ова дизел гориво ќе овозможи поголема моќност и подобра заштита на моторот. Истовремено тоа ќе овозможи и намалување на потрошувачката на гориво и што е особено важно, намалена емисија на штетни гасови. -На крај да нагласам уште еднаш дека преку инвестирање во овој проект создадовме репер преку кој бензинските станици станаа многу повеќе од попатни станици за дополнување на гориво, истакна директорот на дирекцијата за малопродажба, Љупчо Георгиевски.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close