fbpx

Озил со обвиненија против Mercedes-Benz

Фудбалски скандал во Германија во врска со откажувањето на Озил од националниот тим по светското првенство не стивнува

Во отвореното писмо објавено на Istagram, поранешниот број 10 на Бундестимот, фали и обвинува дел од медиумите и спонзорите. Додека тој ги фали Adidas, Beats и BigShoe, нагласувајќи го фактот дека тие се лојални партнери, кои продолжуваат да работат со него и покрај медиумскиот скандал, Озил го обвинува еден од најголемите германски автопроизводители- Mercedes-Benz.

Во писмото, играчот на Арсенал, не го именува директно концернот од Штутгарт, но од зборовите станува јасно дека критиката е адресирана токму него.

Озил

Според наводите на Озил, тој требал да се снима рекламно видео на Mercedes-Benz за Светското првенство. По озлогласената слика на фудбалерот со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, Daimler го исклучиле од кампањата. Овој пристап е ироничен, бидејќи Mercedes-Benz во улога на официјален спонзор на Бундестимот, смета играчот-претерал?!

Истовремено од Daimler реагираа на обвинувањата на Озил. На Тwiter, Јерг Хове, шеф на одделот за односи со јавноста, напиша дека автоконцернот од Штутгарт и германскиот национален тим се партнери над 40 години како во добри и во лоши времиња и ова е „непосакуван напад“. Тој додаде дека од Mercedes-Benz ќе ја разгледаат и анализираат ситуацијата пред да излезат со мислење за случајот.

Поврзани вести

Back to top button