Пад на побарувачката за нови автомобили во Европа за јануари

Побарувачката за нови автомобили во Европа забележа сериозен пад во јануари, а тоа се должи на неколку причини кои варираат од земја во земја

Измената на даночниот систем во некои земји, нешто послабата глобална економија и неизвесноста поврзана со Brexit придонесе за пад на побарувачката за нови автомобили во Европа во првиот месец од годинава, соопшти Европското здружение на автомобилски производители (ACEA).

Во јануари во 26 земји од ЕУ, со исклучок на Малта за која податоците не се достапни, регистрирани се вкупно 956.779 нови автомобили, што е за 7,5 проценти помалку отколку во првиот месец минатата година. Мора да се напомене притоа дека Велика Британија не е вклучена во податоците за јануари.

Меѓу причините за намалување на побарувачката во ACEA потсетуваат на најавеното зголемување на даноците на автомобилите во некои земји од Европската унија, поради што купувачите побрзаа да ги посетат автосалоните во декември. Воедно тоа е причината што бројот на регистрирани нови автомобили во 27 земји од ЕУ во последниот месец од минатата година скокна за дури 21,4 проценти. Типичен пример за тоа е Шведска каде од 2020 година се воведени нови даноци, по што е забележан пад на побарувачката за цели 18 проценти, што е најголем процент во земјите од ЕУ, наспроти растот од огромни 109 проценти кој беше забележан во декември.

Побарувачката за нови автомобили кон почетокот на новата година е придушено и поради слабеењето на глобалната економија, како и неизвесноста околу излегувањето на Велика Британија од Европската унија, потсетува ACEA.

Франција со најголем пад по Шведска, BMW со раст на побарувачката

Меѓу најголемите пазари во Европа, најголем пад на побарувачката во јануари е забележан во Франција, за дури 13,4 проценти. Следува Шпанија со пад од 7,6 проценти, Германија каде што побарувачката се намали за 7,3 проценти, како и Италија со 5,9 проценти помалку регистрирани нови автомобили во однос на јануари 2019 година.

Кога станува збор за компаниите, Volkswagen забележа пад од 0,4 проценти во јануари, Renault и PSA забележаа пад од 16,3, односно 12,9 проценти. BMW е меѓу ретките кои забележаа раст во Европа, откако забележа зголемена побарувачка од 5,2 проценти, за разлика од Daimler чија побарувачка опадна за 10,4 проценти.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close