fbpx

Пад на побарувачката: Топ 10 најголеми производители на батерии за автомобили

Објавени се резултатите од најголемите производители на батерии за електрични возила за првите десет месеци од оваа година според учеството на пазарот

Денешната модерна автоиндустрија силно зачекори кон целосна ориентација кон производство на електрични или делумно електрични возила. Сепак, по првите десет месеци од годинава резултатите на најголеми компании за производство, пред се литиум-јонски батерии, покажуваат прилично неповолен тренд кој на голем број производители на електрични автомобили би можел да им го загорчи животот на и онака огромните финансиски вложувања во електромобилноста.

Ако се „фрли“ поглед на пазарот на производители на батерии на почетокот од 2019. година – Panasonic бил најголем производител на литиум-јонски батерии за електрична мобилност со вкупно произведен капацитет на батерии од 23 gWh. По нив следува кинески Contemporary Amperex Technology Co. (CATL) со капацитет од 12 gWh и кинески BYD. CATL произвел 11,8 gWh капацитет на батерии во 2017. година, што беше зголемување од преку 74 проценти во однос на 2016. година. Јапонски Panasonic беше втор најголем производител со 10 gWh, а BYD трет со 7,2 gWh. Вториот кинески производител OptimumNano Energy Co. Ltd. (сега не се меѓу првите 10) и јужнокорејскиот LG Chem беа број четири и број пет, со производство од 5,5 gWh и 4,5 gWh.

Но, во октомври 2019. година, Panasonic и BYD забележаа нагло намалување на продажбата на батерии за електрични возила, бидејќи побарувачката се намали во САД и Кина, наведува угледниот SNE Research. Па сега листата со Топ 10 производители на батерии на светот земајќи ги предвид бројните резултати за првите 10 месеци изгледа како во табелата.

Измерено во капацитет, продажбата на Panasonic опадна за 38 проценти, додека испораките на BYD опаднаа за 66 проценти, со што оваа кинеска компанија ја загуби својата позиција број 3, која ја презеде јужнокорејски LG Chem. Продажбата на водечките компании за производство на батерии на пазарот – Contemporary Amperex Technology Co. опадна за 17 проценти.

Кина главен виновник за падот на побарувачката

Инаку, меѓу првите десет најголеми компании кои произведуваат батерии за електрични возила, 4 се кинески, 3 јапонски (Panasonic, AESC, PEVE) и 3 јужнокорејски компании (LG Chem, Samsung SDI, SK Innovation). Според продажните резултати овие десет најголеми производители држат 87,7 проценти од светскиот пазар, а само кинеските компании од тоа имаат 41,2 проценти.

Намалувањето на побарувачка за електрични автомобили во Кина влијае на вкупниот пад на глобалниот пазар и се базира на купување на батерии од страна на производителите на автомобили. Продажбата на новите електрични возила, што вклучува и целосно електрични возила, plug-in хибрид и автомобили на горивни ќелии, во Кина е во пад пет последователни месеци откако владата ги намали субвенциите.

„Се поголема е загриженоста поради глобалниот пазар на батерии бидејќи се очекува побарувачката во Кина и САД засега да остане слаба“, се наведува во изјавата на SNE Research.

Поврзани вести

Back to top button