Падна мост дел од автопат во Италија, има и жртви

Мост, дел од автопатот А10 во Италија, кој ги поврзува Џенова со пограничниот град Вентимилја, се урна, а во тоа време на овој дел имало барем десетина автомобили

Италијанските медиуми јавуваат за повеќе загинати лица. Според весникот Corriere della Serra станува збор за мостот „Моранди”, а министерот за инфраструктура и транспорт на Италија, Данило Тонинели, потврди дека се случила ужасна трагедија. Во првите минути по несреќата Rai24 News соопшти за најмалку 7 загинати, но подоцна се појавија информации дека жртвите се многу повеќе.

Според непотврдени информации, должината на паднатиот дел е околу 200 метри, а висината на мостот е 100 метри. Италијанските власти започнаа спасувачка операција во потрага по луѓе кои останаа под урнатините на мостот, но работата на брза помош и пожарникарите е попречена од почетокот од невремето и силниот дожд на местото на трагедијата.

Мостот е изграден во 60-тите години на минатиот век, но е реновиран и засилен во 2016 година.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close