fbpx

Pagani Huayra во ексклузивно Imola издание вредно 5 милиони евра

Pagana Huayra се појавува во уште едно ексклузивно издание, познато како Imola, кое доаѓа во ултралуксузно и ограничено издание

Специјалната верзија на Pagani Huayra под името Imola го доби своето име по легендарната патека Autodromo Internazionale Enzo e Dino Ferrari во Имола на која се возеа трките за Големата награда на Сан Марино и Италија во Formula 1 шампионатот. Оваа верзија го сигнализира дефинитивниот крај на производството на Huayra и доаѓа по Huayra BC Roadster кој се појави во 2019 година. Цената на оваа верзија изнесуваше 2,8 милиони фунти, а беше именувана по својот прв купувач.

Pagani Huayra Imola е тестирана и развивана долго време на истоимената патека каде мина илјадници километри, а од компанијата истакнаа дека станува збор за „најтешкиот тест кој некој автомобил на Pagani некогаш го минал“. Исто така, од компанијата тврдат дека автомобилот благодарение на Pirelli Trofeo гумите и Brembo карбон-керамичките кочници ќе биде лесен да се управува.

Imola

Pagani Huayra Imola ќе биде произведена во само пет примероци, исто како што беше случајот со Cinque верзијата на претходникот на Huayra, Zonda. Цената на секој автомобил изнесува фрапантни 5 милиони евра пред оданочувањето и веќе сите се распродадени.

Imola се напојува со подобрена верзија во однос на стандардната Huayra, односно Mercedes-AMG 6,0-литарски twin-turbо V12 мотор кој развива 827 КС и 1.100 Nm вртежен момент, што е за 107 КС повеќе во однос на Huayra BC. Автомобилот е тежок само 1.246 килограми, благодарение на употребата на карбонски влакна и титаниум во конструкцијата на шасијата. Pagani тврди дека новиот Acquarello Light системот за лакирање „заштедува“ 5 килограми во однос на конвенционалното лакирање.

Imola

Перформанси пред елеганција

Сличноста меѓу Imola и Huayra BC, но моделот за патеката има голем вентилациски отвор на покривот, голем заден спојлер и дифузор кој ја подобрува аеродинамиката. Исто така Huayra Imola се одликува и со дотеран aero body пакет, а димензиите изнесуваат 4853 mm во должина, 2035 mm ширина, висок е 1269 mm, а меѓуосовинското растојание изнесува 2795 mm.

„Не може да се каже дека ова е елегантен автомобил, сакавме ефикасен автомобил и гледавме F1 едносед. Тоа не доведе до дизајн на автомобил со подобра аеродинамика. Иако во една рака овие детали не одат во корист на линијата и естетиката на возилото, од друга страна ни овозможуваат да го подобриме времето на кругот, да го олесниме возењето и да ја зголемиме безбедноста“, изјави основачот на Pagani, Хорацио Пагани.

 

Поврзани вести

Back to top button