fbpx

PAL-V Liberty е првиот легален летечки автомобил во Европа

Првиот таканаречен летечки автомобил, PAL-V Liberty, доби дозвола за користење на патиштата и сега може легално да се користи на европските патишта

PAL-V Liberty успешно ги мина строгите тестови за европска патна дозвола, па така сега е дозволено да се користи ова возило на патиштата со официјална регистарска табличка. Ова означува комплетирање на ригорозната и долга програма на возачки тестови кои беа извршувани на тест патеките уште од февруари годинава.

По повеќемесечните тестирања, вклучително и тест перформанси, сопирање, емисија на гасови и слично, одработени се и 150 часа тест летови и вкупно се пројдени околу 1.200 теста пред да се добие толку посакуваната дозвола. Со добиеното „зелено светло“, PAL-V Liberty сега може слободно да се вози на сите јавни патишта. Ова значи дека летечкиот автомобил е еден чекор поблиску до добивање на сертификат за летање, кој се уште се чека, а сите услови на EASA (Европска агенција за авијациска безбедност) ќе бидат завршени до 2022 година.

Откако ќе заврши целата процедура, компанијата ќе може да доставува возила до своите купувачи. Во следните месеци, сепак, Liberty ќе мине низ тестови за издржливост на јавните патишта ширум Европа.

„Соработувавме со властите за патиштата многу години за да стигнеме тука. Возбудата која се чувствува во тимот е огромна. Навистина беше предизвикувачки да се создаде ‘летало на склопување’ кое ќе ги мине сите тестови за дозвола. За мене, трикот за успешно создавање на летечки автомобил е да се осигурате дека дизајнот е компатибилен со воздушните и патничките регулативи“, изјави Мајк Стекеленбург, еден од директорите на PAL-V.

PAL-V Liberty

Од компанијата порачуваат дека резервациите за PAL-V Liberty растат над сите очекувања и покрај почетната цена од 399.000 евра за базичниот Liberty Sport Edition. Околу 80 проценти од оние што направиле резервација се нови во авијацијата, поради што некои од нив веќе започнаа со тренинзи за летачка дозвола во PAL-V FlyDrive академијата.

Поврзани вести

Back to top button