НАСЛОВНАСАЕМИ

Париз 2018: електрични автомобили, многу новитети и големи отсуства

Paris Motor Show започнува! Од лице место ќе се обидеме да ви пренесеме дел од атмосферата, да ги опишеме, а воедно и да ги презентираме, модификациите, новитетите, и верзиите на последните остварувања на брендовите.

Проблемот со автомобилскиот пазарот во Европа, кој досега го задржа своето ниво, се „новите WLTP правила“. Тие се и причината некои од познатите авто производители – VW, Ford, Nissan, Jeep, Fiat, Alfa Romeo, Mini, Оpel, Volvo и General Motors да останат настрана од Paris Motor Show. Покрај правилата дел од нив немаат ни со што да се пофалат. Последно, но не и најмалку важно, постојат високи цени за изложувачите, од кои некои веќе преферираат со помалку пари да направат посебни презентации на нивните модели надвор од салоните.

VW е отсутен од Paris, тоа не значи дека групата со исто име нема да биде таму со други брендови.

Веќе го споменавме Audi e-tron, но заедно со него на штандот ќе дебитираат уште и дотерувањата на A4 и TT, како и обновениот Q3. SEAT во моментов е во сериозен подем и трупа сериозни аргументи со новите модели меѓу кои е и најголемиот SUV Tarraco. A, oд Škoda во последниве недели пуштаа на мали дози информации и делумни слики на RS верзииите на Vision и Karoq.

Paris

Секако, двата големи француски производители на автомобили ќе го искористат својот домашен простор за да го максимизираат рекламниот ефект. Најуспешниот бренд на групацијата Renualt – Dacia нема новина, но нејзиниот опсег е сé уште свеж, а продажбата на стариот романски бренд е бомбастичeн. Renault ќе покаже концепт за автономен автомобил, дотерување на Kadjar, нови мотори и R.S. Trophy верзија на Mégane.

Групата PSA е со светска премиера на хибридот Citroën C5 Aircross, чие производство тргнува следната година.

А, како што веќе најавивме се очекува групацијата да ја зголеми палетата на хибридни модели. Сомоделите DS 7 E-Tense 4×4,  Peugeot 508 Hybrid, 508 SW Hybrid и 3008 Hybrid, како и Opel и Vauxhall Grandland X PHEV. Интересен е и концептуалниот модел со ретро-футуристички стил Peugeot E-Legend со технологија за автономна контрола и целосен електричен погон.

Paris

Големото изненадување на автомобилот ќе се вика VinFast.

Ова е прв национален автомобил на Виетнам и ќе се претстави во Париз со седан и кросовер верзии, развиени врз платформи на BMW. И двете возила се со дизајн на студиото на Pininfarina. Двата модели ќе излезат во продажба во средината на следната година. Целта на VinFast е да се постигне годишно производство од половина милион возила до 2025-та година. Идејата зад новиот бренд на хоризонтот е да стане глобален, а не само локален.

Во продолжение очекуваните премиери на саемот во Париз:

  • Audi e-tron
  • Audi Q3
  • BMW 3 series
  • BMW Z4
  • DS 3 Crossback
  • Ferrari Monza SP1/SP2
  • Kia ProCeed
  • Mercedes-Benz EQC
  • Mercedes B-class
  • Mercedes A class
  • Seat Tarraco
  • Toyota Corolla Wagon
  • VinFast

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close