НАСЛОВНАСАЕМИ

Париз 2018 : Најатрактивните концепт модели

Преку концепт моделите, производителите ја покажаа својата креативност и иновативност со која го направија ова шоу уште поинтересно

Како и секоја, па така и оваа година на шоуто во Париз, добивме можност да ги погледнеме едни од најинтересните како и најнесекојдневните модели на возила, односно концепт моделите. Со вакви модели се пофалија повеќето од производителите, меѓу кои се наоѓаа и Audi, Peugeot, Mercedes, BMW, Infiniti и други.

Во продолжение се прикажание најинтересните 5 модели од овој саем.

1. Audi PB18 e-Tron

Како можна замена за R8, електричниот модел на Audi, е опремен со три електро мотори со комбинирана моќност од 671 коњски сили и вртежен момент од 830 Nm. На предната оска е поставен еден, додека на задната оска се поставени останатите два мотори. Максималната моќност што може да ја испорача овој погон за кратки интервали се дури 764 коњски сили, со што забрзувањето од 0-100 km/h би било за помалку од две секунди. Што се однесува до батеријата, кај овој концепт модел се користи иновативна и релативно лесна батерија со капацитет од 94 kWh, придонесувајќи за намалување на тежината од дури 1.550 kg.

1 | концепт
2 | концепт
3 | концепт

    2. Peugeot e-Legend

    Инспириран од 504 Coupe, e-Legend претставување ѕвезда на овогодинешното шоу. Со својот ретро изглед, но сепак модерен шарм, како и целосно електричниот погон, овој концепт модел успеа да го привлече целото внимение на публиката. Погонуван е со електромотори со моќност од 456 коњски сили и вртежен момент од 800 Nm, кои придонесуваат за максимална брзина од дури 220 km/h. Батерискиот капацитет изнесува 100 kWh кои овозможуваат за автономно движење од импресивни 600 km.

    1 | концепт
    2 | концепт
    3 | концепт

      3. Škoda Vision RS

      Носејќи ги пропорциите на VW Golf, Vision RS претставува новата спотртско-хибридна хечбек изведба на Skoda. Хибридниот погон претставува комбинација од 1.5 литарскиот турбо бензински мотор – TSI со моќност од 148 коњски сили, како и електричен мотор со моќност од 101 коњски сили, со вкупна заедничка моќност од 242 коњски сили. Овој модел доаѓа со два режими на работа на моторот, нормален и спортски. При спортски режим на работа, Vision RS забрзува од 0-100 km/h за 7.1 секунда и достигнува максимална брзина од 210 km/h. Во електричен мод, ова возило има автономност од 70 km, благодарение на литиум-јонската батерија со капацитет од 13 kWh, чие полнење во домашни услови би изнесувало 2,5 h.

      1 | концепт
      2 | концепт
      3 | концепт

        4. Mercedes Vision EQ Silver Arrow

        Се прашувате како би изгледал доколку денес би ја доживеал својата премиера, легендарниот модел Silver Arrow од 1937 година? Одговорот за вас го спреми Mercedes токму со оваа концепт верзија што ја прикажа во Париз. Vision EQ претставува модерниот и електричен концепт наследник на овој ретро модел. Како електрично возило, Vision EQ доаѓа со електричен мотор кој испорачува 740 коњски сили. Напојуван со батерија со капацитет од околу 80 kWh, овој модел може да патува повеќе од 248 km со едно полнење.

        1 | концепт
        2 | концепт
        3 | концепт

          5. Renault EZ-Pro

          Оваа година, Renault изненади со неколку концепт верзии, меѓу кои се наоѓаше и EZ-Pro. Овој модел претставува целосно автономен и електричен автомобил, на кој не му е потребен возач. Може да служи за превоз на патници како и товар. Интересно кај овој модел е што доколку е наменет за превоз на патници, може да дојде опремен со гарнитура во внарешноста, при што го добива епитетот “патувачка соба”.

          1 | концепт
          2 | концепт
          3 | концепт

             

            Клучни зборови

            Поврзани вести

            Close