НАСЛОВНАСАЕМИ

Париз 2018: Најевтиниот модел на Tesla достапен и во Европа

Како дел од топ 10 листата за најпродавани возила во САД, Tesla реши да си ги проба шансите и на гостински терен

Како најевтин во гамата, Model 3 на Tesla е веќе во топ 10 најпродаваните возила на домашната територија, а за својата премиера во Европа го искористи токму саемот во Париз. Овој модел изгледаше прекрасно на саемскиот подиумот и сигурно ќе биде еден од Американските возила кој одлично би се вклопил по улиците на Европа.

Како помал брат на Model S, Model 3 е седан со средна големина, кој претставува најпопуларно електрично возило на пазарот. Покрај тоа што овој модел е најевтин модел на Tesla, исто така ова возило е најмалото возило во оваа програма. Должината му изнесува 4,69m, со што е за околу 30cm пократок од Model S, додека пак ширината му е 2,08m.

Овој модел бил дизајниран од Tesla со цел да биде најбезбеден автомобил во својата класа.

Ова е потпомогнато со разни системи, како системот за автоматско сопирање, системот за избегнување на судари и др. Погонот на Model 3 може да биде изведен на два начина. Првата изведба е со еден електричен мотор сместен во задниот дел на возилото, кој има моќност од 271 коњски сили, забрзува од 0-100 km/h за 5.6 секунди и достигнува максимална брзина од 209 km/h.

Втората изведба е со два електрични мотори поставени на секоја оска, со комбинирана моќност од 346 коњски сили и погон на сите четири тркала. Новата Performance изведба на овој модел доаѓа со 450 коњски сили, забрзува од 0-100 km/h за импресивни 3.5 секунди и достигнува максимална брзина од 250 km/h, додека пак батерискиот капацитет му е од 50 kWh.

Tesla

Оваа варијанта беше достапна за публиката во Париз.

Кај Model 3, без ралика на изведбата на погонот, понудени се два вида на батерии, и во зависност од нив, автономноста на овој модел изнесува околу 350 km и 500 km, а повторното полнењето одзема помалку од еден час, со помош на Supercharges технологијата. Интериерот е прилично стилски но сепак многу едноставен.

На центарот на контролната табла се наоѓа 15-инчен дисплеј преку кои се контролираат сите функции на автомобилот. Дури и контролите за клима уредот се комплетно елиминирани, а управувањето на овој систем се врши исто така преку централниот дисплеј. Резарвациите и нарачките за овој модел можат да се направат и преку официјалната веб стана на Tesla за Европа, а нивната испорака започнува во 2019 година.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close