fbpx

Пекинг 2018: Што да очекуваме од креаторот на Gumpert Apollo?

Творецот на суперавтомобилите од Gumpert Apollo, Роланд Гумперт, веќе креира за кинеската компанија Aiways, а негово дело е кросоверот U5 Ion, кој ќе дебитира на салонот во Пекинг на крајот на месецов

U5 Ion ќе биде првиот модел кој компанијата ќе го произведува во новата фабрика, а продажбата ќе стартува следната година.

Електричниот кросовер е изграден врз нова модуларна платформа MAS, која ќе се користи кај уште 15 модели на марката – од седан до пикап. Платформата е направена главно од алуминиум и овозможува создавање на модели со различно меѓуоскино растојание – од 2.700 до 3.000 mm. Сеуште техничките податоци за U5 Ion не се познати, но се знае дека моделот ќе излезе на пазарот со три варијанти на батеријата – со моќност од 53, 63 или 80 kWh.

Производителот ветува автономија со едно полнење од 365 до 460 километри. Aiways ќе претстави уште еден модел во Пекинг – RG, кој е именуван во чест на Роланд Гумперт. Спортскиот електромобил забрзува од 0 до 100 km/h за 3 секунди и има максимална брзина од 300 km/h. Моделот ќе се нуди со дополнителен пакет батерии со кои aвтономијата а ќе достигнува 1.200 километри.

Поврзани вести

Back to top button