fbpx

Пекинг 2018: Volvo со целосно електрифицирани експонати

Учеството на Volvo Cars на меѓународниот саем во Пекинг ќе остане забележано во историјата на брендот, а најверојатно и во онаа на автомобилскиот бизнис во целина, како прв собир на кој компанијата демонстрира на штандот само plug-in електрифицирани возила

Паралелно со оваа презентација, од компанијата ги објавија и плановите до 2025 година, во кои се навестува дека 50% од продажбата ќе се базира на електрични автомобили. За прв пат пред јавноста е претсавена новата T5 plug-in хибридна верзија на XC40. Автомобилот е демонстриран заедно со другите два достапни на глобално ниво SUV модели на Volvo XC90 и XC60, кој исто така се со хибридна технологија.
Volvo

Кина е најважниот единечен пазар за Volvo, а само во првата четвртина на оваа година, реализацијата на брендот во земјата е подобрена со импресивни 23.3%.

Во изминатата година продажбата на компанијата во земјата го помина прагот од 100.000 единици за прв пат. Од Volvo коментираат дека целосно новото XC40, веќе може да се пофали со повеќе од 60.000 генерирани побарувања за купување, од неговата промоцијата на пазарот кон крајот на минатата година, па до сега.

Поврзани вести

Back to top button