Пекинг 2020: „Продолжената“ Mercedes E-Класа L со низа освежувања

Mercedes-Benz го искористи својот настап на Салонот за автомобили во Пекинг со цел да ја прикажи освежената Е-Класа L

Исто како и стандардниот модел на Mercedes Е-Класа кој се пласира на останатите пазари, така и L варијантата со продолжено меѓуосовинско растојание наменета за кинескиот пазар се карактеризира со унапреден екстериер со нови браници, ревидирана предна решетка и рестилизирани светлоски групации.

Покрај стилските промени, E-Класа L „порасна“ за дополнителни 22 милиметри и сега должината изнесува 5.056 милиметри. Со тоа, „продолжената“ варијанта на Е-Класа е 121 милиметар подолга од стандардниот модел. Уште поважно, меѓуосовинското растојание е 140 милиметри подолго, со што се создава голема пространост во задниот дел на автомобилот.

Кога станува збор за внатрешноста, освежената E-Класа L е опремена со 12,3-инчен дигитален инструмент кластер и соодветен 12,3-инчен инфозабавен систем. Моделот исто така поседува систем за амбиентално осветлување со 64 бои и унапредени задни седишта со покомотна централна позиција.

Централното задно седиште исто така може да се склопи со што се открива новиот 7-инчен екран на допир. Со тоа се добива лесен пристап до мултимедијалните поставки, амбиенталното осветлување и контролите за масажерите на седиштата.

E-Класа L

Под хаубата се наоѓа широка палета на мотори. Тука е базичниот 1,5-литарски четирицилиндричен мотор кој испорачува 184 КС и 280 Nm максимален вртежен момент. Ова му овозможува на E 280 L да забрза од нула до „стотка“ за 8,7 секунди. Иако погонот на сите четири тркала во принцип помага за подобрување на перформансите, тука го „забавува“ спринтот и со оваа опција истиот се достигнува за точно 9 секунди.

Купувачите кои бараат поголема моќност можат да се одлучат за E 300 L кој има 2,0-литарски четирицилиндричен мотор со 258 КС и 370 Nm максимален вртежен момент. Оваа варијанта го избегнува погонот на сите четири тркала, но спринтот до „стотка“ се стигнува за 6,6 скеунди.

На крајот, тука е E 350 L 4Matic кој се одликува со унапреден 2,0-литарски четирицилиндричен мотор кој испорачува 299 КС и 400 Nm. Од нула до 100 км/ч стигнува за 6,1 секунда.

 

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close