НАСЛОВНАСАЕМИ

Пекинг 2018: Honda со нов електричен концепт

Honda Motor (China) Investment ja претставува новата електрична концептна изведба Everus EV за време на меѓународниот саем во Пекинг, која е дел од стратегијата на компанијата да пушти во продажба повеќе од 20 електрифицирани автомобили до крајот на 2025 година

Honda Everus EV Concept е претходник на првиот целосно електричен модел на брендот, развиен специјално за кинескиот автомобилски пазар, кој ќе го видиме по улиците на земјата пред крајот на оваа година. Автомобилот е развиен заеднички од Honda Motor China Technology и GAC Honda Automobile, а ќе се продава под марката Everus, која е дел од GAC Honda.

Друга интересна карактеристика на првиот целосно електричен автомобил на Honda во Кина е таа дека тој ќе биде искористен како автомобил за споделено патување од компанијата Reachstar, во која Honda веќе најави дека ќе направи сериозна инвестиција.

На штандот на Honda на меѓународниот салон во Пекинг се демонстрираат исто така Accord Hybrid (премиера за Кина), кој ќе биде пуштена во продажба во земјата во втората половина на годината, како и седанот Inspire Concept.

Everus EV

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close