НАСЛОВНАСАЕМИ

Пекинг 2018: Сите модели на Hyundai со овој дизајн во иднина

Hyundai го претставува седанот Lafesta во Пекинг

Автомобилот е во нови дизајнерски стил на брендот – Sensuous Sportiness, кој демонстрира стил кој Корејците ќе го имплементираат во идните нови модели.

LafestaВсушност, првиот модел во овој стил беше концептниот Le Fil Rouge, претставен пред еден месец на автосалонот во Женева, додека Lafesta за возврат е првиот сериски автомобил на Hyundai со новиот дизајн.

Нејзини главни карактеристики се оптика кај светлата, специфична решетка на ладилникот, страничниот рељеф и малата „опашка” на багажникот. Судејки по својата големина, Lafesta е создадена врз основа на Hyundai Elantra седан. Растојанието помеѓу двете оски на двата модела е идентична – 2.700mm, но новината моментно претставена во Кина е 90 mm подолгa – 4.660 mm.

LafestaПод хаубата е поставен 1.6 литарски бензински турбомотор, кој работи во комбинација со 7-степен преселективен „роботски” менувач. Спецификите за моторот не се објавени, но Elantra развива од 177 до 204 КС.

Исто така, не е познато дали Lafesta ќе биде продавана надвор од Кина. Во Европа речиси сигурно седанот нема да се појави, бидејки таму Hyundai го „форсира“ хечбекот i30, кој е со идентични димензии.

Lafesta

Клучни зборови

Поврзани вести

Close