fbpx

Пекинг 2018: „Печатеното“ возило тежи само 450 килограми

Кинеската компанија Polymaker и италијанската X Electric Vehicle демонстрираат во Пекинг иновативното мало возило LSEV, печатено на 3D печатач

Во суштина, ова не е нова идеја, но досега таквата технологија се користела само во концепти.

Моделот претставен во Пекинг е речиси целосно подготвен за производство. Кинезите потенцираат дека имаат намера да произведуваат вакви 3D автомобили масовно. Креаторите споделуваат дека само некои од елементите на LSEV се направени на традиционален начин – стакло, гума, мотор и дел од суспензијата, на пример. Благодарение на изобилството на пластика, автомобилот е многу лесен – само 450 килограми, што е двојно помалку од еден Smart.

LSEV

Техничките карактеристики на таков автомобил не се особено импресивни – мали батерии за 100 km и максимална брзина од 70 km/h. Меѓу главните предности на автомобилот, како што се LSEV, се времето за печатење на компонентите и нивно редуцирање на 40-60 единици, наместо 2000-те кај обичните машини.

LSEV

Поврзани вести

Back to top button