НАСЛОВНАСАЕМИ

Пекинг 2018: Škoda Kamiq е помала од Karoq и е само за Кина

Škoda ќе го претстави супкомпактниот кросовер Kamiq, кој ќе биде наменет само за кинескиот пазар, на изложбата во Пекинг

Kamiq е позициониран под популарниот Karoq во Европа, а првите фотографии од новиот модел веќе се појавија на кинескиот интернет.

Должината на Kamiq е 4.390 mm, ширината е 1.781, а височината е 1593 mm. Меѓуоскиното растојание на новиот модел е 2.610 mm, што значи дека Kamiq всушност е подолг од Karoq, за 8 mm. Досега е потврден само еден мотор – 1.5 литарскиот бензински со моќност од 110 коњски сили, кој работи со 5-степен мануелен менувач. Се претпоставува дека на Салонот за автомобили во Пекинг, компанијата ќе ги објави сите детали за новината.

Kamiq

Интересно е што ќе видиме уште еден кросовер модел од Групацијата. Станува збор исто така за концептна изведба Powerful Family SUV, како е неговото полно име. Речиси е сигурно дека моделот ќе се продава во Кина, а потоа може и на други пазари, а ова ќе биде првиот VW развиен во Кина што ќе биде извезуван од земјата.

Kamiq

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close