ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Пет децении – Ford Capri (1968 – 1974)

За ова остварување на Синиот овал многумина знае да кажат „најдобрата копија на врвна спортска икона во историјата“

Што и да кажале, сепак е едно сигурно, стилски намалената изведба на славниот Mustang, навистина „жареше и палеше“ во своето време!

Никој не знаел толку добро да ја спакува конфекциската концепција до максимум, како Ford. Кон крајот на 60-тите на минатиот век кога економијата беше во полн замав, кога клиентите бараа нешто ексклузивно, со посебен шмек, привлечно, спортски…, во Ford знаеја во која насока да тргнат, бидејки во 1964 година го лансираат легендарниот Mustang.

Capri

Но, ова беше американска икона, па мораше нешто да се измисли и за европскиот пазар. Одговорот следеше кон средината на април 1968, а сензацијата е наречена Capri. Во таа еуфорија беше најавуван моќен модел – 2300, со дури 108 КС. Но, сепак страстите малку стивнаа, па основната верзија беше моделот 1300 со 50 КС.

Capri, име на остров на јужната страна на заливот крај Неапол, прво беше користен од страна на Lincoln (Фордов премиум бренд), од 1962 до 1964 за купе врезија на британскиот Ford Consul, за да сепак подоцна блесне кај европската креација. Ford Capri беше дизајниран од Филип Т. Кларк, кој беше дел од дизајнерскиот тим на славниот Mustang.

Платформата и подвозјето ги наследи од британската Ford Cortinа, а моторите од истиот модел и гермамснкиот Taunus. Почна да се произведува неколку месеци подоцна во британскиот Хелвуд, а два дена подоцна и во погоните на германскиот Келн. Во почетокот на 1969 година се симнуваат првите модели и од лентите во германскиот Сарлуис, а потоа и од оние во белсгискиот Генк.

Capri

Во развојната фаза било предвидено дека ќе се нарекува Colt, но тоа име веќе го имаше заштитено Mitsubishi.

По неговиот блесок Capri веднаш ги освои срцата на клиентите, изгледаше спортски, атрактивно…, но веднаш го доби епитетот „врвна копија на спортска легенда“, бидејки за да биде што поценовно поприфатлив од Ford решија да понудат концепција со крута оска, односно лиснати федери позади, како и мошне мал мотор 1.3 V4 со моќ од само 50 KС. Со ваков мотор Capri имаше максимална брзина од едвај 134 km/h, а до стотка забрзуваше за 23,8 секунди.

Тоа беше и целта на челниците на Синиот овал, крајно добар според изгледот модел, а сепак евтин.

Подоцна Британците понудија и 1500 V4 со 60 и 65 KС, 1700 V4 со 75 KС, 2000 V6 со 90 KС и 2300 V6 sa 108 KS. Capri 2300 GT (9,8 s, 178 km/h). беше скоро двојно поскап од оној основниот 1300, кој во Германија се продаваше за 7.590 DM. Capri се продаваше извонредно, подобро и од најоптимистичките очекувања. Погодок во центар за Синиот овал.

Кон средината на 1970 беа продадени половина милион единици, па во Opel одлучија да лансираат одговор, чие име беше Mantа. Во 1973 беше произведен милионитиот Capri, кој имаше одредени модификации, односно редизајн. Но, со тоа Capri го загуби почетниот шарм. Втората генерација пристигна во 1974 година, но далеку понеатрактивна од првата, па по четири години и престана производството со само 513.500 продадени примероци.

Многу подобра беше третата генерација со 1.886.647 пласирани изданија. Последниот примерок беше произведен во 1986. Од Ford се обидоа, како што многумина го сметаа како негов наследник, моделот Cougar, кој се произведуваше 1998 до 2002 година.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close