fbpx

Пет нови модели што ќе променат сè!

АвтоВАЗ најави една интересна кампања, посветена на претстојниот салон за автомобили во Москва

На салонот руската марка ќе покаже пет нови модели, а во пораката над сеуште покриените автомобили гласи: „Премиери кои ќе променат сè”. Од Lada сеуште не откриваат која ќе е главната премиера и кои се петте покриени автомобилот на рекламното пано, но се чини целта е постигната, почнаа коментарите, претпоставките, реакциите, па и обложувањата за тоа за кој модел станува збор… Lada е навистина топ тема со оваа кампања во Русија.

модели

Најверојатно, во прв план под превезот на мистериозноста е сокриен обновениот седан Lada Granta, чија креација беше на свој начин доловена за јавноста, онолку колку треба (само надворешноста) неодамна, но во полн сјај треба да блесне на салонот во Москва. До новата Granta, се претпоставува дека е сокриена Lada Vesta Sport.

Во позадина може да се претпостави дека се малку изменетиот хечбек и караван на Lada Kalina, кои ќе влезат во семејството на Granta, а во центарот на композицијата е автомобилот со зголемена проодност Lada XRAY Cross. Според други претпоставки, под капакот се скриени сите модификации на Lada Granta, седан, лифтбек, хечбек, караван и неговата крос верзија.

Веќе се знае дека од Тољати подготвија и уникатен концепт возило, а ќе биде демонстрирана и обновената Lada Niva.

модели

Поврзани вести

Back to top button