НАСЛОВНАТЕХНОЛОГИЈА

Peugeot 2008 ја менува платформата

Минатата година, францускиот производител Peugeot го реконструираше кросоверот 2008, што гарантира дека ќе опстане на пазарот како таков уште некое време

Сепак, компанијата веќе работи на следната генерација на моделот, кој ќе биде лансиран во 2019 година.

Изданието Caradisiac открива некои детали за новата генерација на субкомпактниот кросовер, а најважно од се е тоа што ќе биде изграден на сосема поинаква платформа. Таа е развиена од страна на Групацијата PSA заедно со кинеската компанија Dongfeng. Како наведуваат нашите колеги, поради ова, новиот Peugeot 2008 ќе расте со големина, со целосен дигитален инструмент-панел, а се подготвуваат и нови мотори. Тоа се бензински мотори со моќност помеѓу 100 и 160 КС, како и дизел кои ќе развиваат помеѓу 75 и 120 КС. Новата платформа ќе овозможи создавање на целосно електрична верзија врз моделот 2008. Не е тајна дека се работи и на неа, а таа ќе биде достапна подоцна, веројатно во 2020 година.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close