fbpx

И новиот Peugeot 508 ќе добие GTi верзија

Втората генерација на Peugeot 508 дебитираше неодамна на салонот за автомобили во Женева, но сепак продажбата сè уште не започнува

Ова ќе следи во текот на септември, кога Французите планираат да ја претстават и GTi верзијата на моделот.

Опсегот на мотори од новиот 508 вклучува моќност од 130 до 225 КС, но според информациите на изданието L’argus, кое го цитира директорот за развојот на нови модели во Peugeot, Лорен Бланш, до крајот на годината ќе треба да излезе уште помоќна модификација – GTi.

GTi

Претходната генерација на лифтбекот не понуди таква опција. Помоќната верзија, GT, беше базирана на дизел од 204 КС. Променетата модификација ќе го добие 1.6-литарскиот THP мотор со 270 КС, кој е поставен и во Peugeot 308 GTi. Ова е најмоќниот мотор во еден француски модел во моментов на компанијата.

GTi

Во PSA, Peugeot 508 е позициониран како ривал на Volkswagen Arteon, чија врвна верзија се потпира на 2.0-литарски турбо агрегат (TSI) со 280 КС. Германскиот модел, сепак, има погон на четири тркала. За возврат, 508 е со погон на предните тркала, а комплетно и на задните се очекува со хибридната изведба. Таа, исто така се планира да излезе на есен и ќе има посебен електричен мотор на задната оска.

GTi

Поврзани вести

Back to top button