fbpx

Peugeot добитник на три награди на Automobile Awards

Францускиот производител Peugeot успеа да се закити со три награди на годинешното издание на Automobile Awards

На дигиталната церемонија на Automobile Awards која се одржа во Париз, новиот Peugeot 3008 ја доби наградата „Автомобил на годината 2020“, доделена од јавноста, Peugeot е-Expert ја прими специјалната награда од жирито, а брендот Peugeot беше именуван како „Бренд на годината“ од страна на генералните менаџери на 39 брендa учесници.

Целта на Automobile Awards, кои го доживеаја своето трето издание, е да се наградат оние најистакнати и најиновативни производители, за што беа доделени вкупно 50 награди. Оваа година, жирито со кое претседаваше Арно Дукрет ги избраа победниците. Само наградата „Автомобил на годината 2020“ ја додели јавноста, која го номинира најистакнатиот автомобил на годината од сите категории заедно.

На гласањето учествуваа 245.000 гласачи, на крајот беа изедначени новиот Peugeot 3008 и Porsche 911 С од единаесетте кандидати кои беа во конкуренција за Automobile Awards. Peugeot 3008, претставен во септември минатата година, со својот нов дизајн ја претставува новата ера на модерност со редизајнираниот преден дел и новите Full LED задни светла. Во согласност со кампањата „Моќта на изборот“, Peugeot како опција нуди plug-in хибриди, бензински или дизел мотори.

Peugeot Automobile Awards

Новиот е-Expert ја освои специјалната награда од жирито во категоријата комерцијални возила. Со својот 100% електричен мотор е совршен пример за „Моќта на избор“. Новиот e-Expert нуди две нивоа на автономија кои овозможуваат до 330 километри според WLTP циклусот и на тој начин овозможува неограничен пристап централните градски подрачја.

Поврзани вести

Back to top button