Peugeot го покажа и освежениот 5008

Откако пред два дена Peugeot го претстави редизајнираниот 3008, на ред дојде и најголемиот SUV на компанијата, моделот 5008

По претставувањето на редизајнираниот 3008, Peugeot официјално го претстави освежениот 5008, а иако промените се релативно минорни, сепак се доволни за да го задржат овој SUV „свеж“ до пристигнувањето на целосно новата генерација за неколку години. Сега, Peugeot 5008 изгледа мошне слично со помалиот 3008.

Промените започнуваат на предната страна со нова решетка без рамка која вклучува нови „перки“ под предните светла. Светлата исто така се нови и вклучуваат LED технологија. Тука се и новите дневни светла во форма на кука со хромиран врв. 5008 моделите со GT и GT Pack опрема вклучуваат Full LED предни светла со продолжен светлосен потпис.

Peugeot 5008

На задниот дел се наоѓаат новите задни светла со Full LED технологија, вклучително и нов светлосен потпис. Купувачите кои ќе се одлучат за освежениот 5008 ќе имаат голем избор на бои кои ќе можат да ги изберат. Тоа се Celebes Blue, Metallic Copper, Pearl White, Artense Grey, Platinum Grey, Perla Nera Black и Ultimate Red.

Модификациите на освежениот Peugeot 5008 продолжуваат и во внатрешноста. Францускиот SUV го добива најновиот i-Cockpit ентериер на француската компанија. Истиот вклучува 10-инчен екран за инфозабавниот систем и 12,3-инчен дигитален инструмент кластер. 5008 исто така ги добива и препознатливите „пијано“ копчиња за функциите за радио, клима-уред, поставките на автомобилот, телефон, мобилни апликации и навигација.

Peugeot 5008

За 2021 ќе бидат понудени и повеќе „тримови“ за ентериерот, вклучително и црвена Nappa кожа и Mistral Black Алкантара акценти. Неколку нови технологии исто така пристигнуваат со освежениот Peugeot 5008, вклучително и Night Vision систем, адаптивна cruise контрола, Stop & Go функција, асистенција за позиционирање во коловозната лента, продолжено препознавање на сообраќајни знаци и автоматски сопирачки систем за итни случаи.

Peugeot 5008

Во Европа ќе се понудат четири моторни погони. Понудата започнува со 1,2-литарскиот трицилиндричен бензинец, следува 1,6-литарскиот четирицилиндричен бензинец, како и 1,5-литарскиот четирицилиндричен дизел и 2,0-литарскиот четирицилиндричен дизел.

Деталите околу цените се уште не се објавени, а овој SUV ќе пристигне во европските продажни салони пред крајот на оваа година.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close