Peugeot го претстави електричниот e-Traveller

Peugeot зема сериозен замав во електричниот сегмент, а сега го претстави и електричниот MPV модел e-Traveller кој ќе пристигне во втората половина од годинава

Француски Peugeot го претстави електричниот e-Traveller кој пристигнува во две велични. Стандардниот е со должина од 4,95 метри, додека продолжената верзија е 5.30 метри. Во внатрешноста од возилото може да собере до осум патници. Во оваа конфигурација, e-Traveller поседува и багажен капацитет од 1.500 литри. Капацитетот се зголемува до 3.000 литри со седишта за петмина или до 4.900 литри кога се користат единствено предните седишта.

Базиран на EMP2 платформата, e-Traveller се напојува со мал електромотор кој произведува 136 КС и 260 Nm вртежен момент. Забрзувањето од нула до „стотка“ се достигнува за 13,1 секунди. Mаксималната брзина е електронски ограничена на 130 километри на час.

Поставена на подот, батеријата со капацитет од 50 kWh нуди автономија со едно полнење од 230 километри според WLTP. Peugeot e-Traveller поддржува и брзо полнење, а до 80 проценти од батеријата се полни за 30 минути преку 100 kW полнач. Полна батерија се достигнува со полнење од 5 или 7,5 часа, кога се користи 11 kW, односно 7,4 kW полнач. Со стандарден домашен приклучок, процесот на полнење изнесува 31 час.

Peugeot e-Traveller

Она што го издвојува Peugeot e-Traveller од остатокот од гамата е специфичната маска од ладилникот на моделот, портот за полнење позициониран над левото предно крило, дихроичното „лавче“ на двете страни од возилото и „e-Traveller“ ознака на задниот дел.

Во внатрешноста, ова електрично MPV возило се нуди со специфични графики за инфозабавниот систем кој содржи и TomTom 3D сателитска навигација. Пред возачот е поставен и head-up екран, електронски префрлувач за контрола на автоматскиот менувач, електрична сопирачка за паркинг, како и селектор за режим на возење за Eco, Normal и Power.

Peugeot e-Traveller

Во Power режимот, електромоторот ги испорачува сите 136 КС и 260 Nm за максимални перформанси. Во Normal режимот испорачува 107 КС и 210 Nm. Со Eco режимот, возачот има на располагање само 80 КС и 180 Nm вртежен момент.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close