Peugeot го претстави освежениот 308

Францускиот производител го освежи својот адут од C сегментот, а една од најголемите промени е додавањето на дигиталнната инструмент табла

Peugeot 308 својата последна рестилизација ја имаше во 2017 година, но тогаш моделот не доби ја доби дигиталната инструмент табла која ќе станат неизоставен дел од моделите на француската марка една година подоцна. Сега освежената „308-ка“ го доби на располагање дигиталниот i-Cockpit со кој веќе се сретнавме кај Peugeot 208 и Peugeot 2008.

Актуелната генерација на Peugeot 308 е на пазарот речиси седум години, а на патот кон новата генерација на моделот, француското „лавче“ доби ново освежување за 2021 моделската година. Ова најверојатно ќе биде последното освежување пред појавувањето на новата генерација, а од Peugeot за освежениот 308 сега нудат нова ексклузивна боја наречена Vertigo Blue и нов дизајн на тркалата. Како опција се нуди и Black Pack со кој се нуди асортиман на црни акценти на возилото, на местото на хромираните детали.

Најголемата „атракција“ кај освежениот Peugeot 308, како што веќе напоменавме, се наоѓа во внатрешноста, каде што е поставен 10-инчниот i-Cockpit, комплементиран од капацитивниот инфозабавен систем. Екранот изгледа навистина елегантно и атрактивно со хромираната рамка, но интересно е дека го нема препознатливиот 3D ефект кој се наоѓа кај помалиот брат Peugeot 208, веројатно поради тоа што се чека новата генерација на моделот за да биде имплементиран. Новитет секако е освежениот екран чувствителен на допир за контрола на инфозабавниот систем.

Изобилие на опременост

Кога станува збор за погонските единици, во игра и понатаму останува 1.2 PureTech бензинскиот мотор со 110 и 130 КС, како и 1.5 BlueHDi кој ја брани честа на дизел агрегатите, со 100 и 130 КС. BlueHDi моторот со 180 КС изостанува од понудата кај освежениот Peugeot 308. Сепак, освежената „308-ка“ ја одржува перформантната GTi верзија и понатаму во живот, која доаѓа со 1,6-литарски турбо бензински мотор кој испорачува 263 КС и 340 Nm максимален вртежен момент. Моторот доаѓа во комбинација со шестстепен мануелен менувач и овозможува овој „хот хеч“ да го достигне спринтот од нула до „стотка“ за шест секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 250 километри на час.

Францускиот бренд најави и дека освежениот Peugeot 308 ќе прејде на нов систем на пакет на опременост кој би требало да се состои од три основни трима. Без оглед на опременоста, сите верзии ќе ги добијат автоматски предни светла, сензори за паркирање, двозонски клима-уред, дигитално DAB радио, автоматски бришачи на ветробранското стакло и автоматско затемнување на ретровизорот. Автомобилот исто така ќе биде богато опремен со безбедносни технологии како адаптивен cruise control, 180-степена камера, активно предупредување за напуштање на коловозната лента, препознавач на сообраќајни знакови, активна слепа точка и предупредување за вниманието на возачот.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close