НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Peugeot со GTi верзија за 208

Peugeot, точно пред да започне изложбата во Женева, ја најави новата генерација на моделот 208

Новиот мал „лав“ изненади со својот модерен дизајн на ентериерот и интериерот, а според најновите сознанија понудата на овој мал градски автомобил ќе биде збогатена со GTi верзија. До сега најмоќен во понудата беше електричниот Peugeot 208, чиј мотор развива 136 коњски сили и 260 Nm обртен момент. Солидно но, забрзувањето до 100 km/h за 8,1 секунди е далеку од перформансите на GTi верзиите.

Досегашната 208 GТi верзија имаше 1.6 литарски турбо мотор со 208 коњски сили и 300 Nm. Тие беа доволни за автомобилот да забрза до 100 km/h за 6,5 секунди и да постигне највисока брзина од 230 km/h.

Peugeot

Од новиот 208 GTi се очекуваат подобри перформанси со оглед на тоа дека е базиран на CMP платформата, која допринесува дури 30 килограми помалку. Се уште не е потврден погонскиот агрегат, но се очекува дека ќе биде тој истиот 1.6 литарски турбо мотор.

Конкуренти на овој мал GTi модел се добро познатите, Renault Clio RS, Ford Fiesta ST и Volkswagen Polo GTI. Со доаѓањето на овој модел на пазарот во текот на 2020 година овие наведени модели ќе добијат сериозна конкуренција и тоа не само по перформанси туку и по изглед, бидејќи Peugeot најави сериозан аеро пакет за надворешноста.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close