fbpx

Peugeot се пофали со хибридниот погон за Le Mans хиперавтомобилот

Peugeot Sport ги откри спецификациите за хибридниот погон кој ќе биде користен од страна на нивниот престоен Le Mans хиперавтомобил

Наречен Hybrid4 500KW од страна на Peugeot Sport, новиот погон кој ќе се користи за Le Mans хиперавтомобилот се одликува со 2,6-литарски битурбо централно поставен V6 бензински мотор кој испорачува 680 КС. Овој мотор е дополнително засилен со електромотор кој е поставен на предната осовина и се напојува со 900-волтна батерија и произведува дополнителни 272 КС.

Ова значи дека комбинираната моќност на Le Mans хиперавтомобилот изнесува 952 КС. Сепак, регулативите за хиперавтомобилската класа значи дека максималната моќност е ограничена на 680 КС. Во најголемиот дел од времето моќноста на моторот ќе биде ограничена, но кога батеријата ќе биде истрошена и електромоторот повеќе не се користи, моторот самостојно ќе се врати назад на комплетните 680 КС.

Peugeot Le Mans

Интересно, електромоторот ќе може да работи само во „питлејнот“ и при брзини над 120 километри на час. Со тоа, автомобилот ќе има погон на задните тркала при свиоците кои бараат пониски брзини, а погонот на сите четири тркала ќе се вклучува исклучиво на долгите правци и низ брзите свиоци. Кога батеријата ќе се истроши, моторот на внатрешно согорување може да достигне моќност од 700 КС на крајот од правците со помошта на електромоторот кој функционира на 15 kW алтернатор.

Peugeot Le Mans

Регулативите ќе бараат од Le Mans хиперавтомобилот на Peugeot Sport да има сензори кои ќе ги следат и пренесуваат нивоата на моќност до FIA мерени на сите четири тркала во реално време. Peugeot Sport ќе започне со тестирање на погонот во првата половина од 2021 година.

Поврзани вести

Back to top button