Peugeot Sport го претстави своето ново лого

Француската марка Peugeot се подготвува за нова ера, поради што започна и со промена на својот препознатлив визуелен идентитет

Peugeot брендот влегува во фаза на рестилизација, веќе е најавена и промената на новиот логотип со препознатливото „лавче“ која треба да пристигне со новата генерација на 308. Во меѓувреме, откриен е изгледот на логото на Peugeot Sport.

Долго време Peugeot не беше активен кога станува збор за светот на спортските автомобилски шампионати, но сега француската марка е решена да се врати на голема врата. Во согласност со тоа пристигнува и новото лого, кое треба да претставува нов почеток за Peugeot Sport и влегување во новата ера.

Така, наместо досегашното лого со боите на француското знаме, новото лого ќе се карактеризира само со две бои – црна и жолта. Изгледот на логото е минималистичко, а исто така треба да се напомене дека Peugeot во иднина ќе се потпре на електрификацијата кога станува збор за спортските и перформансните модели.

Новата Peugeot Sport значка се очекува да дебитира на 508 PSE, првиот автомобил кој ќе пристигне од новото Peugeot Sport Engineered (PSE) одделение на француската марка, кое е задолжено за возила со високи перформанси.

Исто така, Peugeot претходно потврди дека ќе се врати на 24 часа Ле Ман како и во World Endurance Championship од 2022 година.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close