Picasso PS-01 е нов суперавтомобил кој доаѓа од Швајцарија

Само неколку дена откако влеговме во 2021 и веќе имаме нов суперавтомобил за кој е објавен тизер од страна на швајцарската компанија Picasso Automotive

Швајцарската компанија Picasso Automotive ги објави првите тизери за својот суперавтомобил наречен PS-01. Станува збор за лесен и моќен автомобил и како што може да се забележи по тизер фотографиите, се одликува со агресивен изглед.

Суперавтомобилот кој е развиен во швајцарскиот град Лугано, е базиран околу лесна платформа за која е искористен и карбон при создавањето на задната рамка. Освен тоа, целата каросерија на Picasso PS-01 е создадена целосно од карбон, со што значи дека автомобилот тежи само 900 килограми.

Овие тизер фотки ја прикажуваат каросеријата на автомобилот со нагласените задни сводови и големиот карбонски заден спојлер. Кога веќе станува збор за задниот дел, треба да се истакнат и двојните издувни цевки, големиот дифузер и отворот за воздух на покривот кој помага при разладувањето на централно поставениот мотор. Предниот дел се одликува со забележителен сплитер, голема решетка и LED предни светла.

Picasso допрва треба да ги соопшти деталите за моторот, но се претпоставува дека ќе станува збор за битурбо V6 мотор од постоечки италијански автомобил со околу 600 КС. Во комбинација со овој агрегат ќе пристигне Sadev трансмисија, додека системот на потпирање ќе биде од Ohlins, а сопирачките од Carbo Brake.

PS-01

Фотографии од ентериерот не се објавени, но една фотографија прикажува дека автомобилот ќе има тенки спортски седишта кои ќе бидат поставени ниско. Иако PS-01 допрва треба да биде официјално претставен и не е познато кога ќе биед лансиран, Picasso Automotive веќе има неколку нарачки.

Поврзани вести

Back to top button