Pininfarina го започнува производството на Battista и откри детали за процесот
Automobili Pininfarina соопшти дека официјално започнува со производството на суперавтомобилот Battista, а притоа ги откри и фасцинантните детали за истото
Pininfarina официјално го започна производството на целосно електричниот Battista, одбележувајќи значаен момент во историјата за брендот. По претставувањето во 2019 година, производствениот погон сега напорно работи за да ги испорача сите 150 примероци на суперавтомобилот со 1.900 КС. Како што овие автомобили излегуваат од линијата, така тие одат директно на пиедесталот како најмоќни сериски спортски автомобили некогаш направени во Италија.
Од почеток до крај, производниот циклус на само еден Battista ќе трае 10 недели и вкупно околу 1.250 часа. Тој процес се одвива во ателјето Battista кое се наоѓа во Камбијано, Италија. Порано користен како студиски центар за брендот, тој е целосно обновен за да се изгради овој автомобил и да се подигне статусот на Pininfarina во автомобилскиот свет.
Компанијата тврди дека Battista ќе забрза од 0 до 100 км/ч за околу 2 секунди и ќе обезбеди опсег на движење според WLTP од околу 500 км. Исто така, се вели дека нема два примери да бидат идентични и притоа од компанијиата ни даваат увид во тоа како клиентите се вклучени пред и за време на процесот на производство. Има дури и специјално издание од пет единици за кои се потребни 18 недели за да се изградат.
Остварување на сонот
Според Свантесон, извршниот директор на Automobili Pininfarina: „Battista Hyper GT е остварување на сонот, кој започна со амбицијата на дизајнерската икона Батиста „Пинин“ Фарина да создаде прекрасен автомобил што ќе го носи само името Pininfarina. Горди сме што ја постигнавме таа цел и со тоа, водиме движење во нова возбудлива ера на луксуз, каде што чистотата на дизајнот и фокусот на одржливите иновации ќе обликуваат серија неверојатни нови возила од Automobili Pininfarina“.
Секоја Battista ќе биде изградена од само 10 луѓе во период од 10 недели. 14 различни производствени и зони за обезбедување квалитет го сочинуваат ателјето. Тоа вклучува тринеделен процес на бојадисување и повеќе зони кои бараат запирање од два или повеќе дена пред автомобилот да продолжи понатаму. Кога ќе стигне до својата последна работна станица, се поставува на лифт 24 часа за да заврши темелно усогласување на тркалата и управувачот.
Тие пет специјални автомобили споменати погоре се нарекуваат Battista Anniversario и тие се веќе продадени. На секој од нив му се потребни 18 недели за да се изгради и вкупно 1.340 часа. Тие се одликуваат со живопис инспириран од наследството заедно со други дизајнерски знаци кои му оддаваат почит на познатиот италијански каросерист.
Уникатна изработка
Не може да се негира дека Battista дели голем дел од својата погонска технологија со Rimac Nevera. Тоа ги вклучува и карбонската каросерија и електричната архитектура, но Пининфарина го нарекува Battista чисто електричен хипер GT.
Секој сопственик е поканет во ателјето да се сретне со продукцискиот тим и да види како се изработува нивниот автомобил. Pininfarina вели дека „се креира предлог за дизајн нарачан за секој клиент пред да бидат поканети во Камбијано да работат лице в лице со дизајнерите, каде што тие потоа ја усовршуваат својата конечна спецификација“. Постојат голем број на внатрешни и надворешни опции сè до внатрешни гравури и прилагодени завршетоци на тркалата.
Опциите се толку огромни што Pininfarina вели дека има 128 милиони можни внатрешни конфигурации и 13,9 квинтилиони надворешни комбинации. Звучи дека нема да има проблем да го направи секој од 150-те автомобили доволно различен.
Специјално искуство за сопствениците
Купувачите се поставуваат прилично добро по испораката на нивниот Pininfarina Battista. Производителот на автомобили вели дека услугите на клиентите ќе бидат достапни за целиот животен век на сопственоста, а потоа ја продолжува услугата за Flying Doctor кога е тоа потребно. Ова значи дека едно лице или повеќе лица со „енциклопедиско знаење“ за автомобилот ќе летаат каде било во светот за да помогнат да работи со полна моќ доколку има проблем.
Покрај тоа, Pininfarina нуди трио послепродажни пакети, вклучувајќи Eccellenza, пет или 10-годишна програма за одржување. Потоа, тука е Futura која ја продолжува гаранцијата на погонската група и батериите за вкупно десет години. Конечно, Eterna им нуди на купувачите можност да додадат резервни делови од каросеријата (за идна употреба доколку е потребно) кои се конструирани и обоени заедно со самиот автомобил за да се обезбеди совршено совпаѓање.