fbpx

Pininfarina ќе започне со склопуавње на модел на водород

Работилницата на Pininfarina ќе започне со склопување на серискиот H2 Speed, кој како гориво ќе користи водород

Прототип на овој автомобил беше прикажан пред две години на автосалонот во Женева, но дури сега раководството на компанијата донесе ваква одлука.

На сегашниот салон во Женева, Италијанците ја претставија сериската варијанта на моделот, кој е малку поголем од концептниот од 2016 година. Должината на H2 Speed е 4.730, широчината 1.956 мм, а висината – 1.113 mm. Тежината на изведбата останува иста – 1.420 kg. Погонскиот агрегат е развиен од француско-швајцарската фирма GreenGT, но повеќето карактеристики остануваат во тајност. Само e познато дека резервоарот на H2 Speed ќе собира 8,6 килограми водород, а неговото целосно полнење трае околу 3 минути.

Прототипот пред 2 години имаше резервор за 6,1 килограми водород, а моќноста на моторот беше 500 КС. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 3,4 секунди, а до 200 km/h – 11 секунди. Максималната брзина е 300 km/h. Pininfarina планира да направи 12 единици на H2 Speed. Автомобилот ќе се користи само на тркачки патеки, а неговата цена е околу 2,5 милиони долари.

 

Поврзани вести

Back to top button