fbpx

Pininfarina ја претстави Anniversario верзијата на Battista

Pininfarina ја претстави новата, ограничената Anniversario верзија на својот целосно електричен хипер GT автомобил Battista

Pininfarina Battista Anniversario ќе биде произведен во исклучително ограничена серија од само пет примероци, од вкупно 150 примероци на Battista модели, а цената ќе стартува од вртоглави 2,6 милиони евра, додека производството од крајот на оваа година ќе се одвива во фабриката во Торино.

Pininfarina Battista Anniversario дебитира како специјална верзија на електричниот суперавтомобил на брендот кој пристигнува со напредна аеродинамика. Battista Anniversario пристигнува со специјален изглед на екстериерот во комбинација на три бои од Bianco Sestiere бела, Grigio Antonelliano сива и Iconica Blu сина боја. Pininfarina исто така ја расклопува и склопува каросеријата три пати за рачно да ги нанесе нијансите од трите бои. Автомобилот доаѓа и со стандардниот Furiosa пакет од карбон, што вклучува преден спојлер, прагови и заден дифузор, потоа интересен и допадлив заден спојлер и нови 21-инчни тркала кои се 10 килограми полесни од стандардните.

За внатрешноста Pininfarina предвиде кабина преслечена во микс црна кожа и алкантара, сини контрастни шевови и специјални ознаки на каросеријата, изгравирани детали на фаровите и плочки на вратите кои го истакнуваат исклучително ограничениот серијал на автомобилот.

Anniversario моделот доаѓа со иста механика како Battista. Avtomobilot се напојува со четири електромотори со вкупна моќност од 1.874 КС и 2.300 Nm, кои придонесуваат забрзувањето од нула до „стотка“ да трае помалку од две секунди, а максималната брзина на автомобилот изнесува 350 километри на час. Battista Anniversario со едно полнење на батериите кои имаат капацитет од 120 kWh може да мине повеќе од 500 километри.

Automobili Pininfarina планира да започне со доставите на Battista моделот, вклучително и Anniversario, до крајот на 2020 година.

Поврзани вести

Back to top button