fbpx

Pininfarina ветува забрзување до „стотка“ за помалку од 2 секунди

Италијанската компанија Pininfarina беше спасена пред неколку години од индискиот гигант Mahindra, а новиот сопственик веќе почнува да ги открива целосните планови за заживување на легендарното дизајнерско студио, кое ќе се занимава и со производство

Компанијата беше трансформирана во Automobili Pininfarina и ќе произведува електрични возила, а акцентот ќе биде врз SUV остварувања. Но, прво, на пазарот сепак ќе се појави електричен хиперкар. Тој треба да биде лансиран до 2020 година, а цената на автомобилот ќе биде скоро два милиони евра.

„Тоа ќе биде вистински хиперкар”, изјави шефот на компанијата, Мајкл Першке. – „Сè уште не можеме да кажеме многу за возилото, но треба да се напомене дека со едно полнење ќе може да мине 500 километри, а забрзувањето од 0 до 100 km/h ќе биде помалку од 2 секунди, што бара храброст и ладнокрвност зад управувачот. “

Илон Маск го вети истото забрзување – 1,9 секунди за спринт од 0 до 100 km/h за следната генерација на Tesla Roadster, но сеуште има скептици кои се сомневаат дека тоа навистина ќе се случи, но во остварувањето на Pininfarina веруваат?!

Што се однесува до електричните SUV модели на Pininfarina, најевтиниот од нив ќе е со цена од 150.000 евра, а компанијата ќе продолжи да им помага на тимот на Mahindra во светскиот шампионат за електрични болиди Formula Е.

Поврзани вести

Back to top button