fbpx

По „петката“, на сцена се враќа и легендарниот Renault 4

Легендарниот автомобил Renault 4 ќе биде најновиот модел кој ќе биде ревидиран од страна на францускиот производител и трансформиран во електрично возило

Минатиот месец Renault го претстави прекрасниот 5 EV Concept со потврда дека наскоро ќе пристигне и во продукциска варијанта. Renault 5 EV Concept се одликува со ретро дизајн и наиде на добар прием кај јавноста. Сега, според најновите информации, и Renault 4 го очекува истата судбина, односно легендарниот модел ќе биде оживеан и ќе стане електричен автомобил.

Renault 4

Autocar тврди дека добил потврда од страна на „инсајдери“ дека електричниот Renault 4 ќе пристигне на пазарот во 2025 година. Шефот на француската компанија, Лука Де Мео, при претставувањето на 5 EV Concept потврди дека автомобилот ќе добие „друштво од барем уште еден ретро модел“, а според сите очекувања, токму Renault 4 ќе биде тој модел.

Исто како и „петката“, новиот Renault 4 ќе биде поставен на компаниската CMF-B електрична платформа и ќе споделува голем број од своите механички компоненти. Најголемата разлика меѓу 4 и 5 ќе биде во нивната форма и таргетираниот сегмент на пазарот.

Renault 5 EV

Оригиналниот Renаult 4 беше разновидно и мошне корисно возило, а се верува дека новиот модел ќе продолжи да ја применува оваа филозофија и ќе има димензии повеќе на компактен кросовер, наместо хечбек дизајнот на новата „петка“. Renault се очекува да го претстави R4 како концепт пред да го претвори во продукциски модел.

Renault 4

Кога станува збор за Renault 5, електричниот автомобил ќе пристигне на пазарот во 2022 година.

Поврзани вести

Back to top button