fbpx

По победата во Португалија Невил пред Ожие

Пилотот на Hyundai, Белгијанецот Тери Невил, го освои шестиот круг од Светскиот шампионат во рели за сезоната 2018 (WRC), што се возеше во Португалија и се најде на врвот во генералниот пласман

Неговиот успех во Португалија е втор од почетокот на сезонава во WRC, а Белгијанецот освои и четири бонус поени од последната специјална фаза и поведе на табелата со 19 поени предност во однос на актуелниот светски шампион, Французинот Себастијан Ожие, кој имаше малер уште по првиот ден во Португалија и не освои ниту еден поен во оваа рунда.

Белгиецот ја почна последната етапа со предност од 39.8 секунди во однос на тимскиот колега на Ожие, Елфин Еванс со Ford. На крајот дури и ја зголеми предноста на 40 секунди. Зад нив двајцата релито како трет го заврши Теему Сунинен со вториот Ford, кој беше подобар од единствениот пилот на Toyota, Финецот Есапека Лапи, кој заврши како четврти, шест секунди пред другиот пилот на Hyundai, Шпанецот Дани Сордо.

Иако не успеа да го преземе второто место од Еванс, иако за тоа имаша шанса, Сунинен може да биде задоволен со своето остварување, бидејки ова е неговиот прв подиум во кариерата во WRC. Двата возачи на Citroen, Мадс Остберг и Крег Брин, останаа на шесто и седмо место.

Тешки несреќи во текот на викендот претрпеа Хајден Падон со Hyundai и Крис Мик со Citroen, но и двајцата минаа без сериозни повреди.

Поврзани вести

Back to top button