По урнек на поголемите Х4 иХ6 – BMW X2!

Увозникот за BMW во Македонија и Косово, компанијата М Кар, го претстави BMW X2

Со дизајн кој зрачи со индивидуалност од секоја пора и спортски дух, BMW X2 поставува нови стандарди, додава импресивни перформанси и овозможува нови нивоа на задоволство при возењето.

Новината пристигнува како шести SUV модел на BMW на пазарот. Малиот X2 својот дизајнерски стил го презема од поголемите браќа, моделите X4 и X6, но базата му е изведбата Х1, од кој е понизок за 8 сантиметри. Новината со својот фантастичен изглед остава впечаток од секој агол. Неговиот стајинг потсетува на спортски автомобил, спој на изразен профил, типичен за BMW X моделите со спортска отменост на купе.

Две карактеристики на дизајнот посебно го привлекуваат вниманието: X2 ја менува препознатливата трапезоидна форма на предната маска, која се проширува на краевите и дополнителниот BMW амблем на C носачот, што упатува на омилениот детаљ на класичните BMW купеа, како што се 2000 CS и 3.0CSL, со што уште повеќе го нагласува спортскиот карактер на BMW X2.

BMW X2

Карактеристичните детали вклучуваат лакови на тркалата со коцкаст изглед, впечатливи издувни цевки и нагласени странични рабови, како и елегантна линија на покривот.  Во внатрешноста повторно имаме доминантен квалитет на производство, многу меки материјали и се разбира, дигитализација. Данокот за спортската купе линија е платен со помалиот багажен простор кој има капацитет од 470 литри, што е 35 литри помалку отколку во X1.

BMW X2

Базниот агрегат ќе биде 2.0-литарски бензинец под името sDrive20i од 187 КС, а дизелскиот агрегат произведува ист број на коњски сили и 400 Nm вртежен момент од истиот работен волумен. Најмоќната погонска единица ќе биде 2.0-литарски бензинец со 228 коњски сили и 349 Nm вртежен момент. Од март понудата ќе биде збогатена со уште еден бензиски и еден дизел агрегат со помала моќност и можност за погон само на предна оска…

BMW X2

-BMW X2 е автомобил наменет првенствено за урбани луѓе кои водат активен живот и се целосно поврзани со дигиталниот свет. BMW X2 никогаш нема да го изневери својот уникатен карактер, тој е индивидуалист кој се издвојува од толпата. Згора на тоа, моделот M Sport X е достапен за прв пат и им овозможува на сопствениците да го персонализираат својот BMW X2 и направат уште поиндивидуален, изјави Билјана Колемишевска, одговорна за маркетинг во М Кар, на претставувањето на моделот пред новинарите. -Моделот располага со динамика преполна со моќ и ефикасност. Возачите може да очекуваат врвен квалитет вклучен како стандард…

BMW X2 им нуди на клиентите најсовремени технологии кога станува збор за системите за помош на возачот.

На пример, асистентот Traffic Jam го олеснува обемот на работа на возачот во здодевниот стоп/старт сообраќај на пренатрупаните коловози. Овој систем е дел од опцискиот Driving Assistant Plus, кој се состои од серија системи за помош при возењето кој овозможува автоматско забрзување, сопирање, оддржување на лента со помош на камера. Опцискиот паркинг асистент, исто така, е дизајниран да го олесни животот на возачот на BMW X2, автоматски да идентификува соодветни места за паркирање и да ги преземе управувачките должности за маневрирање при паркирање.

BMW X2

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close