fbpx

Победа на Хамилтон, дождот кобен за Фетел

Со триумфот на Луис Хамилтон, пред Валтер Ботас, Mercedes запиша тешко предвидлива двојна победа на ГН на Германија, 11-тата рунда од светскиот шампионат во Formula 1

Во трката пред домашната публика најголем губитник беше фаворитот Себастијан Фетел со Ferrari, кој поради влажната патека пролизга и се најде во заштитната ограда. Се беше подготвено за ново славје на Германецот кој стартуваше од пол-позицијата и ги контролираше настаните на патеката се до 52-от круг од вкупноте 67, кога излета од патеката и удри во заштитниот ѕид на крајот на зоната за безбедност и отпадна.

Пролизгувањето на Фетел беше предизвикано од дождот, кој заврна во Хокенхајм, во текот на неколку круга, но голем дел од пилотите останаа со слик гуми, вклучувајќи го и Себ.

Во исто време светскиот шампион Луис Хамилтон, кој започна 14-ти и се пробиваше напред од круг во круг, го искористи дождот и автомобилот за безбедноста заради многу инциденти на влажната патека и на само три круга пред крајот ја поведе колоната. При рестартот Ботас се обиде да го нападне Хамилтон, но не успеа да го претекне и малку подоцна техничкиот директор на Mercedes му јави преку радиото, дека Финецот треба да го задржи второто место зад Луис.

Хамилтон

Во Ferrari исто така користеа тимски наредби од боксот. Како прво беше она прво запирање во боксот на Раиконен, за да излезе пред Хамилтон, двајцата во тој момент беа четврти и петти, а потоа иако „малку затечен“ Кими го пропушти Фетел, кој по менување на гумите беше втор зад Финецот. Макс Верстапен со Red Bull заврши 4-ти, а Холанѓанецот се чини ја загуби битката со Раиконен во боксот, поради одлуката да стави гуми за влажна патека, но само 2 круга потоа повторно застана во боксот за ултрасофт пневматици.

Успех за Нико Хулкенберг со Renault, кој заврши како петти, следен од Ромен Грожан со Хас и двајцата пилоти на Force India – Серхио Перез и Естебан Окон, а последните две места во Топ 10 им припаднаа на Маркус Ериксон со Sauber и Брендон Хартли со Торо Россо. Со оваа победа Хамилтон го надополни остатокот од 8 поени зад Фетел по неговиот дебакл во Велика Британија, па му врати на Германецот „мило за драго“ со победа „во гости“, како тој пред две недели и сега е со 17 поени предност пред последната трка пред летната пауза, во Унгарија.

Mercedes има осум поени пред Ferrari во борбата на конструкторите.

Поврзани вести

Back to top button