fbpx

Почина Серџо Маркионе

Поранешниот прв човек на Fiat Chrysler Automobiles и шефот на Ferrari, Серџо Маркионе, почина на 66-годишна возраст

Веста ја објави претседателот на Извршниот одбор, Џон Е. Елкан.

-За жал се случи она од што сите толку се плашевме. Серџо Маркионе, човекот и пријателот, си замина. Сметам дека најдобар начин да се сеќаваме на него е да го продолжиме она што го започна и не го доврши, како и да ги почитуваме принципите на одговорност и отвореност, кои тој толку страсно ги бранеше. Јас и моето семејство ќе му бидеме вечно благодарни за стореното. Мислите ни се со Мануела (сопругата на Маркионе) и неговите синови Алесио и Тајлер, истакна Елкан.

Серџо Маркиоен доби церебрална емболија за време на операцијата на саркома на рамото. Менаџерот беше во кома, а неговиот живот се одржуваше само со апарати. Според италијанскиот сајт Lettera43, мозокот на Марконе бил неповратно оштетен од блокирана артерија. Операцијата извршена во Универзитетската болница во Цирих му беше предочена дека е ризична, но тој и покрај опасноста од компликации поради неподносливата болка во рамената реши да се оперира.

Поврзани вести

Back to top button