fbpx

Polestar го прикажа концептот Precept како најава пред Женева

Брендот Polestar го претстави својот нов дизајн кој ќе биде застапен на сите нови модели на оваа автомобилска марка во иднина

Новиот целосно електричен концепт Polestar Precept е електрична купе лимузина која најавува нов стилски правец на овој производител и понатамошно дистанцирање од дизајнот на Volvo. Концептот може да се пофали со напреден дигитален интерфејс, одржливи материјали во внатрешноста и врвни безбедносни карактеристики, велат од компанијата.

Двата постоечки модели во гамата на Polestar, кои ги носат ознаките 1 и 2, го отсликуваат истиот стил кој го промовираат шаблоните на патронската марка Volvo. Затоа, концептуалниот Precept е стилизиран со цел на јавноста да и покаже како ќе изгледаат електричните автомобили на Polestar во блиска иднина. Дизајнерите својот фокус го насочија кон аеродинамичниот облик на новиот седан.

„Precept е визија на сето она што Polestar го прави релевантна авто-марка“, изјави директорот на компанијата, Томас Ингенлат, инаку некогаш првиот човек за дизајн во Volvo, кој ја обликуваше актуелната гама на возила на овој шведски производител. Тој додаде дека автомобилот е одговор на јасните предизвици со кои се соочува денешното друштво и индустријата.

„Ова не е сон за некоја далечна иднина, Polestar Precept ги најавува идните продукциски автомобили и покажува како ќе ги примениме иновациите за да го намалиме негативното влијание на животната средина“.

Футуристички дизајн на Polestar

Визуелно, Precept сепак изгледа футуристички, благодарение на дизајнерската филозофија наречена „минималистички атлетицизам“. Во компанијата наведуваат дека концептот има скулптурални линии со што се поставува темел за дизајнот на идните возила од брендот Polestar. Кога станува збор за димензиите, автомобилот има големо меѓуосовинско растојание – дури 3,1 метар, кои допринесуваат за комфор во патничката кабина, но и овозможува на подот да се смести големиот пакет погонски батерии.

Polestar Precept

Со оглед на тоа дека станува збор за целосно електричен автомобил, предниот дел од возилото ја нема традиционалната маска на ладилникот, туку тој предел го зазема таканаречената Polestar „паметна зона“ односно куќиштето за разни сензори кои ги опслужуваат електронските системи за помош на возачот. На покривот се наоѓа LiDAR, додека препознатливиот „потпис“ на LED фаровите, под прекарот „чеканот на Тор“ (преземен од Volvo) сега визуелно е поделен на два дела.

На задниот дел, преку целата должина на автомобилот се простира тенка LED лента, а останатите техничко-дизајнерски елементи вклучуваат странични мини-камери наместо обични огледала кои ги има кај конвенционалните ретровизори, како и единечен стаклен покрив кој се пружа и зад задните седишта. Polestar Precept не поседува задно ветробранско стакло, па затоа поставувањето на широкоаголна камера на врвот од задниот сегмент на покривот беше практично неизбежно. Видео записот кој го сочинуваат камерите, се пренесува на централниот екран.

Polestar Precept

Precept ќе биде претставен пред јавноста на Саемот во Женева

Кога станува збор за технологијата, концептот содржи инфозабавен систем од новата генерација, кој е базиран на Android. Го опслужува голем 15-инчен дигитален екран чувствителен на допир кој се наоѓа на централната конзола. Покрај него, тука е и 12,5-инчниот дигитален екран кој се наоѓа пред возачот, а ја менува класичната аналогна инструментална табла.

Кога станува збор за техничките податоци и механички информации, Швеѓаните се уште остануваат таинствени, па така се уште ништо не се знае за електричниот погонски склоп на Precept.

Polestar ќе го изложи концептот Precept следната недела на Саемот за автомобили во Женева.

Поврзани вести

Back to top button